За совршена венчавка: Ви ги откриваме најновите трендови во светот на тортите

Сподели

Покрај изборот на венчаницата, одлуката за декорациите и резервирањето на фотограф, идните невести мора да пронајдат време и за избор на тортата. Бидејќи, најслаткиот дел од свадбата, после младенците, е свадбената торта. Исто како што се менува модата од сезона во сезона, така и свадбените торти ги следат новите трендови, а кои се актуелни за оваа сезона ќе дознаете во продолжение.

Реклама

rn

1. „Голи“ торти

rnТортите без глазура и фондан биле омилен избор во изминатите сезони, а остануваат на врвот и во текот на оваа сезона. Можеби понекогаш изгледаат помалку раскошно, но и тоа како се примамливи, и за окото и за непцето. Голата торта со шумско овошје е совршен избор за венчавка во рустичен и бохо стил, додека украсената со цветови може добро да се вклопи и во класичните венчавки.

rn

2. Торта со карнери

rnЕдна од најновите техники, кога се во прашање венчавките, овозможува правење брановидни текстури по површината на тортата. Може да се направат со фондан, но и со шлаг. Резултатот е лесна и прозрачна торта која одлично ќе се вклопи во нежната декорација.

rn

3. Металик глазура

rnВо текот на целата година владеат металик парчиња облека на модната сцена, па овој тренд не ги заобиколи ниту свадбените торти. Голема предност е тоа што металик глазурите може да се вклопат во скоро секој стил, како и во секој амбиент. Ако ви е премногу целата торта да биде во металик нијанса, искористете го овој тренд на еден од катовите или само на деталите.

rn

4. Чипкани торти

rnВистински избор за романтичните невести. Дополнителен плус – овој тренд овозможува да го копирате изгледот на чипката од вашата венчаница на тортата. Доколку се одлучите за ваква торта, не претерувајте со боите и држете се до неколку нијанси за подобро да го истакнете дезенот на чипка.

rn

5. Бела елеганција

rnОвој нов тренд ја подигна белата торта на повисоко ниво. Тие се сѐ, само не едноставни – софистицирани и модерни кои на целата атмосфера ѝ даваат доза на елеганција. Во вистинска комбинација на облик, дезен, текстура и детали ќе добиете впечатлив десерт со кој ќе ги импресионирате гостите.

Популарно

Може ќе ве интересира