10 работи кои ќе се случат со вашето тело ако престанете да јадете месо
Дебатите за тоа дали е здраво или не да се биде вегетаријанец изгледа ќе траат вечно. Ако се откажете од месото нормално е да почувствувате некои промени на вашето тело. Овие промени се научно потврдени, па погледнете за што станува збор.
1. Ќе изгубите некој килограм
Луѓето кои се откажуваат од месото губат околу 4 килограми. Покрај тоа, тие ретко мораат да бројат калории или напорно да вежбаат.
2. Ќе се зголеми бројот на добри бактерии во вашиот стомак
Флората во стомакот кај луѓето кои јадат месо е различна од онаа на вегетаријанците. Истражувањата покажале дека луѓето кои јадат само производи од растително потекло имаат повеќе заштитни бактерии. Но потребно е време за да се случи ова. На почетокот кога ќе се откажете од месото голема е веројатноста да се чувствувате подуено бидејќи вашиот стомак и панкреас се обидуваат да се прилагодат на новиот начин на исхрана.
3. Вашата кожа ќе изгледа подобро
Многу вегетаријанци забележуваат дека состојбата на нивната кожа се подобрува. Исчезнуваат дамките, акните и митесерите. Научниците велат дека ако го замените месото со овошје и зеленчук од вашето тело ќе се исфрлат сите токсини. Овој метод на детоксикација има добро влијание на вашата кожа.
4. Ќе имате повеќе енергија
Едно од најважните нешта што забележуваат луѓето кои престанале да јадат месо е намалениот замор. Тие забележуваат зголемено ниво на енергија дури и после цел работен ден. Ова не треба да ве изненадува бидејќи овој начин на исхрана не само што ви помага да ослабите и да ги исфрлите отровите од телото, туку ви дава и чувство на леснотија.
5. Се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести
Одамна е пронајдена поврзаност помеѓу кардиоваскуларните болести и црвеното месо. Американските научници откриле дека карнитинот во црвеното месо предизвикува хемиски реакции кои имаат негативно влијание на срцето. Исто интересен факт е што вегетаријанците имаат помал ризик од дијабетес, висок крвен притисок и рак на стомакот.
Продолжува на следната страница…