Како да го направите вашиот Инстаграм профил извор на мотивација и да привлечете внимание?
За многумина од нас, Инстаграм е омилената социјална мрежа и најголемиот извор на инспирација, а можеби дури и опсесија, бидејќи сигурно на дневно ниво проверувате барем неколку пати што се случува таму. Доколку сакате и вашиот Инстаграм профил да биде мотивација за некој друг и извор на добри идеи, обидете се да го збогатите на следните 5 начини кои ги одобриле најдобрите Инста блогерки.
1. Одлучете се за тема
Пред да почнете да го средувате вашиот Инстаграм профил, размислете како сакате тој да изгледа. Дали ќе бидете фокусирани на модни комбинации, уметничка композиции, селфи фотографии или можеби животен стил? Во тоа и се крие тајната на успехот на оваа социјална мрежа. Морате да размислите како сето тоа ќе го вклопите, односно како фотографиите композициски да се согласуваат и да бидат квалитетни. Можеби ви изгледа комплицирано, но воопшто не е. Фотографирајте сѐ што ќе ви се допадне, но водете сметка фотографиите да раскажуваат една приказна и да имаат иста вибрација.
2. Одлучете се за омилен филтер
Уште еден трик со кој Инстаграм блогерките се согласуваат е во врска со омилениот филтер. Прелистајте го вашиот омилен Инстаграм профил и ќе забележите дека нема отстапување и дека сите фотографии се изработени со еден ист филтер. Апликацијата VSCO е најдобра за обработување на фотографии и ќе ви помогне да изберете добро осветлување, да ги изострите фотографиите и да го изберете она што најмногу ви одговара. Без разлика колку и да сакате да експериментирате со филтрите, доколку сакате сериозно да се занимавате со Инстаграм вашите фотографии мораат да бидат доследни.
3. Научете колку е важно природното осветлување
Добрата фотографија бара и добро осветлување и тоа е нешто што најверојатно го знаете одамна. Затоа обидете се сѐ што фотографирате да биде на природно осветлување. Утрото или заоѓањето на сонцето е нешто што ниту едно вештачки светло не може да ги замени и познатите блогерки ги знаат тие трикови. Доколку сепак сакате да фотографирате нешто во текот на ноќта, блицот е задолжителен, бидејќи во спротивно ќе добиете темни и неквалитетни фотографии кои нема да бидат добри за гледање.
4. Средете го изгледот на профилот
Ги следевте сите претходни чекори, но и понатаму не сте задоволни со вашиот Инстаграм? Дали вашиот профил ви изгледа натрупано или неуредно? Во тој случај средете го изгледот на вашиот профил така што ќе ставите бела рамка околу фотографиите и на тој начин ќе направите ред. Само водете сметка, ако започнувате да поставувате фотографии на овој начин, со бела рамка околу нив, ќе мора да ја продолжите таа традиција до крај.
5. Испланирајте кога ќе ја поставите фотографијата
Сигурно сте забележале дека Инстаграм блогерките имаат тајминг кога ги поставуваат фотографиите и тоа го прават секојдневно. Секако, не морате да го следите тоа правило, ниту пак да поставувате фотографии на дневно ниво, но секако би било пожелно да направите некој план и да изберете време во кое ќе објавувате. Сега постојат разни апликации кои им помагаат на познатите блогерки да ги организираат своите постови и да закажат фотографија дури и за неколку дена однапред.
Доколку сте навистина голем љубител на оваа социјална мрежа, тогаш сигурни сме дека ова се работи кои барем еднаш сте ги направиле на Инстаграм.