Девојки, бидете подготвени: 10 знаци дека тој сака да ве запроси

Сподели

Сите оние кои се во долга љубовна врска потајно очекуваат нивниот партнер да клекне пред нив и да го постави најважното прашање: „Дали ќе се омажиш за мене?“ Можеби не сте размислувале многу за тоа и едноставно оставате времето да ја направи својата магија, но ако сте заинтересирани дали тој планира нешто, тогаш обрнете внимание на овие ситници…

Реклама

rn

1. Постојано ве фали и очигледно се гордее со вас

rnВе спомнува вас и вашите успеси на сите свои пријатели и роднини. Се радува како да се негови.rn

2. Се жртвува за вас и за вашата врска

rnЗаради вас е подготвен да се пресели и на другиот крај од светот. А, да не зборуваме како ќе го прескокне секој тренинг и ќе го одложи дружењето со пријателите само за да биде со вас. Но и вие би го направиле истото заради него и тој е свесен за тоа.rn

3. Вие сте една душа во две тела

rnИмате многу слични погледи за животот, слични размислувања за кариерата, семејството и планови за иднината. Сакате исти работи, одлично се разбирате.

rn

4. Не се обидува да ве промени

rnВе сака со сите ваши недостатоци и предности и не се обидува да ве промени во нешто што не сте.rn

5. Може да ве замисли венчани

rnКога ќе спомнете брак, тоа не му предизвикува непријатност, туку му мами насмевка на лицето. Понекогаш и тој прв ја започнува таа тема.rn

6. Сте биле раздвоени повеќе од месец дена, но сте издржале

rnБило тешко, тажно и застрашувачки, но сте го пребродиле најлошиот период.rn

7. За него зборовите „ми недостигаш“ не се само обична фраза

rnКога сте разделени, секогаш ви испраќа порака или ви се јавува за да ви каже дека му недостигате и дека ве сака.

rn

8. Го сака својот животен простор, но во него ве гледа и вас како сјајна партнерка

rnСака да има свој мир, свое катче и свои пријатели, но вашето присуство не го вознемирува, туку искрено го радува.rn

9. Кога ќе му се случи нешто, првата личност со која сака да го сподели тоа сте вие

rnРазговор со пријателот, караница со шефот или добар виц… Вие сте првата личност на која ќе ѝ го каже тоа. Без разлика дали станува збор за нешто добро или лошо.rn

10. Планира со вас нешто што ќе се случи во наредните 6 месеци или повеќе

rnЗаедно правите планови за годишен одмор или викенд патување во текот на наредното лето. Тоа јасно покажува дека и двајцата имате намера да останете заедно.

Погледнете ги овие оригинални предлози за брак што ја откриваат романтиката на 21-виот век.

Популарно

Може ќе ве интересира