Мудрите зборови на Ричард Гир: Прочитајте го овој моќен совет што целосно ќе ви го промени животот

Мудрите зборови на Ричард Гир: Прочитајте го овој моќен совет што целосно ќе ви го промени животот

Холивудските ѕвезди иако навидум делуваат среќни и исполнети, нивниот живот не е толку лесен колку што изгледа. Тие честопати се соочуваат со големи препреки на патот, лицемерие, лажни пријателства, љубомора и негативни енергии. Токму затоа, потребно им е нешто што ќе им помогне да се справат со секојдневните предизвици. Познатиот актер Ричард Гир ја открил тајната на својата среќа. Прочитајте го неговиот моќен совет што несомнено ќе ви го промени животот…

Мудрите зборови на Ричард Гир: Прочитајте го овој моќен совет што целосно ќе ви го промени животот

Постои една моќна, многу едноставна вежба, што почнав да ја користам пред многу многу години. Кого и да сретнам на патот, без разлика дали се работи за човек или инсект, првата мисла што им ја упатувам е „Ти посакувам среќа“.

Оваа идеа во потполност го менува она што се случува помеѓу вас и таа личност. Ова го зборувам од лично искуство.

Понекогаш тешко е да се направи ова кога ќе сретнете непријател или ќе се најдете лице в лице со неочекувано тешка ситуација. Но, ова е многу корисна мисла која ќе ве научи да не им дозволувате на негативните емоции да ве преплават. Имате можност да создадете простор околу себе.

Гледате како се појавуваат негативните емоции и пред да преземат контрола врз вас, имате време да ги преобразите. Ги гледате работите такви какви што се: Очигледното незнаење, лутината која доаѓа од вас, незнаењето од ваша страна.

Преобразете го тоа, ослободете го и претворете го во љубов!

„Ти посакувам среќа!“

Пробајте и ќе видите како ќе се промени целиот ваш живот.

Во продолжение, прочитајте ги 5-те лекции кои можеме да ги научиме од тешката животна приказна на актерот Кијану Ривс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар