Како емпатите несвесно си ги саботираат љубовните врски?
Не е лесно да се биде емпат. Емпатите ги чувствуваат туѓите емоции како да се нивни, а тоа понекогаш може да им предизвика големи потешкотии. Постојат многу работи што овие поединци ги прават, а не се ни свесни за тоа. Прочитајте како емпатите несвесно си ги саботираат љубовните врски…
Ги преминуваат границите
Емпатите честопати несвесно ги преминуваат личните граници. Тие толку многу сакаат да им помогнат на нивните блиски што понекогаш премногу им се мешаат во животот и одлуките. Истото го прават и со љубовните партнери. Мора да сфатат дека не можат да им помогнат на луѓето кои не ја побарале нивната помош.
Размислуваат за нивните партнери
Ова се случува кога емпатите многу ќе се вознемират и почнуваат да си прават разни сценарија во главата. Тие мислат дека веќе го знаат одговорот што ќе го добијат и почнуваат да размислуваат за луѓето кои не ни учествувале во разговорот. Со текот на времето ова може да предизвика сериозни проблеми.
Зборуваат за нивните партнери
Понекогаш најдобро е да им дозволите на партнерите да зборуваат за себе, дури и тогаш кога имаат проблем да се изразат. Ако никогаш не им дозволувате да ги искажат своите емоции, со текот на времето ќе почнат да ве презираат. Дајте им на луѓето можност да комуницираат со вас, наместо да ги анализирате и да им кажувате како се чувствуваат.
Ги игнорираат сопствените потреби
Игнорирањето на сопствените потреби може да доведе до големи проблем. Како што минува времето, емпатите ќе се чувствуваат сѐ полошо и полошо, а нема да кажуваат зошто. Тогаш нивните партнери ќе почнат да мислат дека направиле нешто погрешно, а тоа на крајот ќе ја уништи врската.
Забораваат да ги искажат своите емоции
Понекогаш емпатите забораваат да им кажат на луѓето што сакаат и како се чувствуваат. Тие се толку зафатени со решавање туѓи проблеми, што забораваат да се справат со нивните. Најдете време за да ги искажете вашите емоции и да објасните што ве мачи.
Премногу се трудат да ги поправат работите
Не можете да им помогнете на сите и не можете да ги решите сите проблеми. Понекогаш едноставно не постои вистинско решение. Неспособноста да ги поправат работите е нешто што многу ги измачува емпатите и поради тоа никогаш не можат целосно да уживаат со партнерот.
Не бараат помош кога им треба
Како што веќе спомнавме, емпатите честопати забораваат на нивните потреби. Ова им предизвикува огромни проблеми. Емпатите никогаш не бараат помош од другите, дури и тогаш кога навистина им треба.
Љубовните врски се многу комплицирани за емпатите. Тие мора да научат да ги прифаќаат работите такви какви што се и да не се плашат да побараат помош, во спротивно ризикуваат да ги уништат врските кои имале потенцијал да се развијат во нешто прекрасно.
Прочитајте ги и следниве 15 чудни одлики на автентичните емпати.