Кои се најопасните знаци во хороскопот?
Постојат гласини дека од ФБИ направиле листа на хороскопски знаци кои се најопасни. Се верува дека оваа листа ги содржи знаците кои имаат потенцијал да бидат криминалци, па дури и убијци. Иако ова не е докажано или потврдено, сепак звучи интересно. Без разлика дали листата на ФБИ постои, сепак е факт дека некои знаци се значително посклони кон опасни активности. Погледнете за кои станува збор.
Овен
Овните секогаш бараат некоја можност во животот, а можноста да бидат опасни спаѓа на оваа листа. Понекогаш се импулсивни и целосно веруваат во тоа дека правилата се направени за да се прекршат. Овните секогаш ги тестираат правилата за да видат колку далеку можат да стигнат пред да бидат фатени. Се разбира, нивната импулсивност и неучтивост значи дека кога ќе бидат фатени, нема да бегаат и да се кријат. Тие бараат судир кога знаат дека ќе направат нешто контроверзно. Дури и кога се свесни за последиците од нивното опасно однесување, Овните нема да се повлечат. Можеби се луди, но токму со ова им се интересни на другите луѓе.
Бик
Биковите се несмасни и често ги фаќаат кога се во неволја, но тоа не ги спречува да бидат едни од најопасните знаци. Ова не треба да ве изненадува. Сепак тие се бикот во астрологијата и нивната тврдоглавост ги тера да не се откажуваат сè додека не го добијат она што го сакаат. А кога еден Бик сака нешто, не постои ништо на светот што ќе го спречи да го достигне. Тие се посесивни и алчни, па ако некој им застане на патот, не им е страв и физички да се пресметаат. Биковите исто така сакаат да одат по полесниот пат без разлика на ситуацијата. Ако полесниот пат значи да украдат автомобил, тогаш тоа и ќе го направат.
Рак
Можеби ќе ве изненади тоа што Раковите се едни од најопасните знаци, но и за ова си има причина. Раковите се навистина подмолни, и тоа повеќе одошто можете да замислите. Имајте на ум дека кога ги потценувате само им олеснувате да продолжат со опасностите. Исто така Раковите напаѓаат кога луѓето најмалку очекуваат. Тие често имаат замаглен поглед кон реалноста, и често веруваат дека ништо не е важно кога ќе се погледне големата слика. Поради ова настојуваат да се чувствуваат невидливи. Понекогаш толку се успешни во ова што го користат како штит кога ќе се најдат во неволја. Раковите се познати по тоа што ги мамат другите, но често го следат и својот инстинкти, дури и ако ги тера да украдат или да излажат.
Девица
Девиците може да ве измамат со нивното добро однесување, но не паѓајте на тоа. Можеби ги сметате за воздржани и пребирливи кога станува збор за опуштање и забава, но тоа не значи дека се ангели. Всушност, луѓето забораваат дека Девиците многу размислуваат и планираат, па сè што прават, го прават намерно. Кај нив ништо не е спонтано, а тоа значи дека дури и кога ќе направат нешто опасно, тие размислувале за тоа многу долго. Кога ќе наумат нешто, Девиците се способни да направат што било.
Стрелец
Како луѓе кои најмногу ја ценат слободата, правилата едноставно не се за нив. Стрелците мразат да бидат контролирани. Тие толку се вљубени во својата слобода што ќе ги прекршат сите правила ако тие им стојат на патот. Не можете да ги сопрете. Она што ги прави различни од другите знаци е тоа што секогаш директно делуваат. Кај Стрелците никогаш нема само разговарање. Тие ја гледаат само големата слика и не обрнуваат внимание на деталите. Тие се опасни и бунтуваат секогаш кога ќе им се пружи шанса.
Јарец
Изгледот им е многу важен на Јарците, па тие потсвесно секогаш бараат признание и прифаќање од другите. Кога ќе се замешаат со погрешно друштво, може да почнат да прават неволји. Покрај ова, Јарците се и арогантни. Тие не секогаш сметаат дека правилата важат за нив и прават некои работи само затоа што можат. Можете да се најдете во навистина лоша ситуација ако сте во друштво на Јарец кој не е баш расположен.
Погледнете и кои се хороскопските знаци кои најмногу озборуваат.