Зошто децата веруваат во страшни работи и замислени суштества? (не е тоа што мислите!)

Зошто децата веруваат во страшни работи и замислени суштества? (не е тоа што мислите!)

Дали сте забележале дека децата се плашат необјасниви нешта што се појавуваат навечер? Многу деца веруваат во суштества како што се гоблините, духовите, врколаците и ѓаволите. Некои имаат толку развиена фантазија што навистина веруваат во нивните замисли и привиди. И покрај тоа, повеќето деца можат да направат разлика помеѓу она што го гледаат на телевизија и она што го доживуваат во реалноста.

Зошто децата веруваат во страшни работи и замислени суштества? (не е тоа што мислите!)

„Реалноста ѝ остава голем простор на имагинацијата.“ – Џон Ленон

Сите деца веруваат во „невозможни“ нешта. Тие се свесни дека не можат да направат некои работи, но ако им ги спомнете зборовите „магија“ и „супермоќи“, одеднаш ништо не е невозможно. Освен тоа, тие им веруваат на работите што ги слушаат од родителите кои се обидуваат да ги заштитат и да им помогнат да направат разлика помеѓу реалноста и фантазијата. На пример, кога ќе му кажете на некое дете дека Дедо Мраз постои, тоа ќе ви поверува.

Децата не веруваат во Дедо Мраз затоа што знаат дека е вистински или го виделе, туку затоа што чуле дека тој постои од човек кому му веруваат. Ова може да биде добро или лошо, во зависност од родителот и детето. Тие веруваат во овие работи, затоа што немаат доволно искуство во светот и не можат да дознаат поинаку. Тие го знаат само она што го чувствуваат и она што им го кажуваме. Кога ќе им кажете на децата дека ноќната светлина ги брка чудовиштата, тие ви веруваат.

Според едно истражување од 2004 година, спроведено од страна на Универзитетот во Вашингтон и Универзитетот во Орегон, речиси 70% од децата имаат замислен пријател додека да наполнат 7 години. Не треба да се загрижите поради тоа. Верувањето во нешта што не постојат е нормален дел од детскиот развој.

Како што децата растат, така тие почнуваат да ја разбираат разликата помеѓу реалноста и фантазијата. Потоа, тие посакуваат нештата во кои верувале да станат реални, бидејќи имагинацијата е нешто прекрасно.

Исто така, речиси 50% од возрасните веруваат во духови. Што мислите вие на оваа тема? Дали сте сочувале дел од вашата детска имагинација или пак верувате само во она што ќе го видите?

Децата имаат навистина бујна фантазија што некогаш знае да биде по малку морничаво! Прочитајте ги следниве 15 застрашувачки работи кои децата им ги кажале на нивните дадилки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар