КАФЕ ПАУЗА

Џентлменството изумира, затоа што девојките го убиваат

Џентлменството изумира, затоа што девојките го убиваат

Сите сме го чуле изразот „џентлменството е мртво“ и доколку подолго време излегувате на љубовни состаноци, веројатно се согласувате со тоа. Момците сакаат секс, а девојките врска. Овие стереотипни идеи сме ги прифатиле како дел од нашата реалност. Но, дали џентлменството навистина изумира? Или пак ние сме се навикнале на идејата дека романтиката е нешто недостижно во денешно време?rnrnЏентлменството изумира, затоа што девојките го убиваатrnrnЏентлменството не е мртво, освен ако вие не го убивате. Иако можеби сте налетале на голем број идиоти, сигурно познавате навистина добри момци кои ви дале надеж дека џентлмените сѐ уште постојат.rnrnДали некој фин дечко ве поканил на состанок, но вие сте го одбиле затоа што не бил ваш тип или сте го сметале за пријател? Сигурно ви се случува тоа многу почесто одошто сакате да признаете. Постојат момци кои навистина се заинтересирани за вас, но вие немате време за нив, затоа што сте премногу фокусирани на дечкото кој цела недела не ви вратил на пораката. Девојките си велат дека сите мажи се исти, но вистината е дека не им дале шанса на добрите момци.rnrnКога зборуваме за џентлменство, мислиме на работи како што се купувањето цвеќиња, отворање врати и одење на луксузни љубовни состаноци. Но, дали џентлменството може да значи нешто друго? Дали мажот може да ѝ подари внимание на девојката без да очекува нешто за возврат? Тоа е вистинската дефиниција за џентлменство. Не станува збор за материјалните работи, туку за меѓусебната почит и разбирање.rnrnЏентлменството е двонасочна улица. И девојките знаат да бидат злобни кон добрите момци. Тие како да се предодредени да ги посакуваат идиотите, а да ги игнорираат витезите. Потоа се жалат дека нема сите добри мажи се веќе зафатени.rnrnДали ги сметате за чудни момците кои се премногу фини и љубезни? Бидете искрени! Колку пати сте чуле некој да каже „Тој е премногу фин за мене“? Веројатно многу пати досега. Ако тој ви се јавува наместо да ви праќа пораки, тогаш чуден е. Ако не се обидува веднаш да има секс со вас, тогаш сигурно е хомосексуалец. Ако ве праша како ви поминал денот, тогаш е премногу љубезен. Не можеме да ги забележиме сите овие форми на џентлменско однесување затоа што сме фокусирани на идејата дека џентлменството е мртво.rnrnИако денешното џентлменство се разликува од она во минатото, тоа сѐ уште постои, само треба да знаете да го препознаете.rnrnВо продолжение, дознајте како да бидете прав џентлмен.