Скриен знак што ги издава луѓето кои се жртви на физичко насилство

Скриен знак што ги издава луѓето кои се жртви на физичко насилство

Кога луѓето се обидуваат да најдат знаци на физичко насилство, најчесто бараат видливи модрици, гребаници и други јасни знаци на повреди. Но, што е со модриците кои окото не може да ги препознае? Честопати се случува насилството да помине незабележано, поради неговата невидливост. Меѓутоа, постои еден знак што јасно покажува дека некој човек е жртва на физичко насилство.

Скриен знак што ги издава луѓето кои се жртви на физичко насилство

Што е тоа физичко насилство?

Физичкото насилство се дефинира како намерно применување сила што предизвикува повреди на телото и доведува до неразумно казнување. Најчесто, жените се жртви на физичко насилство, но и постарите луѓе, луѓето со физичка попреченост, како и оние кои имаат проблеми со менталното здравје. Физичкото насилство честопати е присутно во интимните врски. Кога станува збор за децата, физичкото насилство обично го извршува некој член на семејството.

Колкав е бројот на пријавени случаи на насилство?

Семејното насилство можеби се случува пред вашите очи, а вие не сте ни свесни за тоа. Според Националната коалиција против семејно насилство, секоја трета жена и секој четврт маж барем еднаш во животот биле жртви на физичко насилство извршено од страна на нивните љубовни партнери. Освен тоа, секое 15-то дете е изложено на физичко насилство. Овие деца исто така се сведоци на семејното насилство што се случува во нивниот дом.

Насилство на телевизија

Кога би имало помалку насилство на телевизија, тоа би направило голема разлика. Постојат многу аргументи што докажуваат дека приказот на насилство на телевизија го отежнува неговото откривање во вистински живот. Некои луѓе тврдат дека преголемото присуство на насилството на телевизија, во видео игрите и на социјалните мрежи, придонело за фактот што сме станале имуни на него. Исто така, постојат докази дека луѓето кои постојано гледаат насилство се изложени на поголем ризик и самите да станат насилни.

Скриен знак што ги издава луѓето кои се жртви на физичко насилство

Кој е знакот што ги издава жртвите на физичко насилство?

Кога станува збор за физичко насилство и обичниот допир може да биде многу страшен. Можеби ќе се изненадите, но луѓето кои се соочуваат со семејно насилство не сакаат да се прегрнуваат. Иако за повеќето луѓе прегратката претставува утеха, жртвите на физичко насилство плашливо ја одбегнуваат.

Како се развива траумата со текот на времето?

Клиничкиот психолог Арон Кипнис, има објаснување зошто прегратката е толку страшна за жртвите на насилство.

„Насилството им остава белег дека допирот е опасен. Жртвите на физичко насилство се повлекуваат или се грчат кога некој ќе ги прегрне и покрај тоа што копнеат по физички контакт. Реакцијата е полоша кога прегратката е неочекувана или кога ќе им се прикраде некој одзади. Тоа воопшто не им се допаѓа“, објаснил психологот.

Зошто е толку тешко да се препознае овој знак?

И покрај тоа што сега го знаете овој неочекуван знак, сепак нема да можете толку лесно да го препознаете физичкото насилство. Постојат луѓе кои не биле жртви на насилство, па сепак не сакаат да ги допирате. Но, доколку личноста покаже многу силна реакција на обидот да ја прегрнете, тоа е знак на предупредување дека нешто не е во ред. Обидете се да ги препознаете промените во однесувањето, особено ако се придружени со видливи знаци на физичка траума. Тоа ќе ви помогне да дознаете дали се работи за физичко насилство и потоа да ја побарате потребната помош.

Жртвите на физичко насилство можат да имаат нормален живот. Доколку се сомневате дека некој ваш близок се соочува со ваков проблем, обидете се да ги препознаете горенаведените знаци и потоа поттикнете го да побара помош. Бидете тука за овие луѓе, бидејќи ним најмногу им треба вашата поддршка и грижа.

Време е да се подигне свеста за овој сериозен проблем! Дознајте ја реалната слика за домашното насилство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Петко Reply

    Тотално не се слагам со вас. Ќе го наведам мојот пример. Сум растел во семејство кое беше и сеуште е пример на слога разбиранје и хармонија, во градска средина, средина во која сите без исклучок сме интелектуалци а има и магистри и доктори на науки. Економски припаѓаме на средна или средно висока класа. Фала богу никогаш во животот не сум се соочил со насилство ( освен неколку детски тепачки, кои се веројатно нормален дел на одраснувањето) па сепак можам да кажам дека прегрнувањето не секогаш сум го сметал за гест на „утеха„ како што вие го наведувате. За мене поготово во детските денови прегрнувањето повеќе беше ограничување на слободата, попречување на самостојноста и гушење на иницијативата. Мислам дека има и прилично помодарство во непрестаното прегрнување. Секако дека има време и место кога прегрнувањето е и тоа како потребно и прифатливо.

Остави коментар