Можете да преживеете без овие 7 органи, но еве на кој начин...

Можете да преживеете без овие 7 органи, но еве на кој начин…

Без некои органи во телото е возможно да се продолжи со живеење, но понекогаш квалитетот на тој живот може да биде нарушен, бидејќи мора нешто да ги замени, без разлика на тоа дали станува збор за промена на животните и прехранбените навики или преживување со помош на одредени уреди. Всушност, секој дел од нашето тело има своја одредена улога. Сепак, постојат органи без кои после отстранувањето е возможно да се живее како и претходно. Директорот на хируршкиот центар за анатомија Адам Тејлор од Универзитетот Ланкастер објаснил без кои седум органи може да се живее и како.

1-bez-ovie-sedum-organi-mozhete-da-prezhiveete-no-eve-na-koj-nachin-www.kafepauza.mk_

1. Слезина

Овој орган е сместен на левата страна од стомакот, под реброто и малку кон грбот. Оштетената слезина може да доведе до смрт, па понекогаш се отстранува после повреда. Нејзината улога е складирање и рециклирање на црвените и бели крвни клетки, односно тромбоцитите.

Без слезина може нормално да се живее, бидејќи црниот дроб има своја улога во рециклирањето на црвените крвни клетки и нивните компоненти, а и лимфните жлезди во другите делови од телото ја преземаат функцијата која ја имала слезината.

2. Желудник

Желудникот понекогаш мора хируршки да се отстрани заради рак или одредени трауми. Пример е случајот од 2012 година кога морале да го отстранат на една жена од Англија откако испила коктел кој содржел течен азот. Но таа продолжила да живее без него. Во таквите случаи хирурзите го прицврстуваат хранопроводникот директно со тенкото црево. Пациентите подоцна мора да внимаваат што јадат.

„Во суштина, прехраната мора да биде претходно сварена, односно таква што ќе овозможи поедноставна дигестија во тенкото црево. Пред сѐ, тоа мора да биде храна во течен и полутечен облик“, објаснуваат нутриционистите.

2-bez-ovie-sedum-organi-mozhete-da-prezhiveete-no-eve-na-koj-nachin-www.kafepauza.mk_

3. Репродуктивни органи

Станува збор за тестисите кај мажите и јајниците кај жените. Кога ќе се отстрани еден тестис или еден јајник, луѓето и понатаму може нормално да имаат деца. Но, заради тумор или траума понекогаш е потребно да се отстранат двата тестиса или јајници.

На некои жени им се отстранува и матката заради болести што автоматски го запира менструалниот циклус. Некои истражувања покажале дека отстранувањето на јајниците нема последица за пократок животен век кај жените, додека на некои мажи животот без тестиси може да биде дури и продолжен.

4. Дебело црево

Тоа е долго околу метар и половина и неговата улога е да ја апсорбира водата, односно да го собира изметот пред излегување од телото. Појавата на рак или некоја друга болест може да резултира со отстранување на дел од дебелото црево или дури цело. Луѓето добро се оправуваат после таквите зафати, но после тоа изметот го исфрлаат низ отвор на стомакот (стома) во посебна вреќичка.

„Новите хируршки техники овозможуваат отстранување на целото дебело црево и избегнување за ставање на стома. Со изработка на внатрешен „џеб“ од тенкото црево и негово спојување со аналниот сфинктер (кружен мускул на отворот на дебелото црево), се зачувува интегритетот на цревото и се отстранува потребата за стома“, објаснуваат хирурзите.

5. Жолчното ќесе

Сместено е покрај црниот дроб во горниот десен дел од стомакот. Во жолчното ќесе се чува жолчката, течност која ја произведува црниот дроб, а која служи за разградување на мастите. Кога нашите црева ќе ги детектираат мастите, таа доаѓа во цревата и помага при дигестија на тие маснотии.

Понекогаш, заради создавање жолчен камен на некои луѓе им се отстранува жолчното ќесе, но и без тој орган е возможно нормално да се живее, без менување на животните навики.

3-bez-ovie-sedum-organi-mozhete-da-prezhiveete-no-eve-na-koj-nachin-www.kafepauza.mk_

6. Бубрези

Без еден бубрег може да се живее без проблеми, бидејќи вториот всушност служи како резерва. Може да се живее и без двата бубрези, но таквиот живот воопшто не е лесен, ниту удобен. Всушност, улогата на бубрезите е филтрирање на крвта, задржување на супстанците кои се добри за телото и исфрлање на она што не му е потребно на телото.

„Кога човекот заради болест или траума ќе остане без двата бубрега, е осуден на дијализа – постапка која ја заменува улогата на бубрезите и е потребно редовно одење, неколку пати во неделата по неколку часа“, објаснува Адам Тејлор.

„Кога бубрезите не работат правилно, опаѓаат супстанците и течноста се задржува во организмот па може да предизвика мачнина, повраќање, анемија, поспаност, вознемиреност, треперење, а потоа кома и конечно, ако не дојде до вистинско лечење, смрт“, објаснуваат докторите.

7. Слепо црево

Некогаш се верувало дека слепото црево е бескорисно, но денес постојат теории дека служи како „сигурна куќа“ за добрите бактерии во цревата кои им овозможуваат да го обноват дигестивниот систем кога е тоа потребно, на пример во случај на некоја болест.

Понекогаш слепото црево знае да се воспали, па во потешките случаи е потребно да се отстрани хируршки. Луѓето кои останале без слепото црево кажале дека не забележале никаква разлика во своите животи.

Дека човечкото тело е навистина неверојатно, погледнете и кои видови најлоши болки човечкото тело може да ги издржи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар