Совршен контраст: Неколку начини на кои можете да носите здолниште и џемпер во текот на оваа есен

Сподели

Есента е време кога секоја жена сака да ѝ биде топло, а истовремено да изгледа и модерно. Токму овој ефект се добива со комбинирање на слатки здолништа и меко плетиво. Денес за вас пронајдовме неколку совршени идеи за носење на оваа комбинација во текот на есенските денови.

Реклама

rn

1. Вовлечено

rnВовлечете го краткиот џемпер во омиленото мини здолниште, по можност во кожна варијанта. Оваа модна комбинација навистина изгледа секси и интересно.

rn

2. Широко и удобно

rnПријатен џемпер и миди лелеаво или плисирано здолниште се полн погодок. Изгледаат лежерно и удобно, а секогаш модерно.

rn

3. Кратко и слатко

rnКраткото здолниште и џемперот со стандардна должина ќе ви дадат изглед на девојка од факултет. Зошто да не?

rn

4. Над колена

rnАко навистина сакате привлечен изглед, но и да ви биде топло, тогаш комбинирајте го здолништето и џемперот со чизми над колена.

rn

5. Лежерна елеганција

rnВпечатливата портокалова боја и бојата на златото ќе создадат вистинска есенска модна комбинација. Лежерно вовлечете еден дел од џемперот за да ги откриете контурите на телото.

rn

6. Прилепено на телото

rnДоколку сакате тесни миди здолништа, најдобар начин да ги носите во комбинација со џемпер е да ги вовлечете и со помош на каиш дополнително да го нагласите струкот.

Доколку ви е потребна дополнителна инспирација и нови идеи, погледнете уште неколку есенски модни комбинации за оние што сѐ уште не се подготвени за панталони.

Популарно

Може ќе ве интересира