Самодовербата е состојба на умот која можете да ја постигнете со додавање мали навики во секојдневниот живот. Не мора да бидете успешни за да имате самодоверба, бидејќи таа ќе ви помогне да стигнете до посакуваниот успех. Овие 12 мали работи ќе ви помогнат да го направите тоа.
rn
1. Пристигнување на време
rnАко се договорите да се сретнете со некој во одредено време, дури и ако мислите дека другата личност ќе доцни, вие бидете таму на време.rn
2. Силна работна етика
rnОва ќе ви даде и сила и самодоверба. Дури и ако не ви се допаѓа моменталната ситуација, дајте 100% од вас и ќе забележите позитивна промена.rn
3. Бидете си своја конкуренција
rnФокусирајте се на себе, бидете најдобрата верзија од себе. Одете уште еден чекор понатаму и направете сè што е потребно за она на кое сте фокусирани.rn
4. Добро однесување
rnНемојте да се жалите, да озборувате, да зборувате лошо за другите или за себе. Доброто однесување секогаш ќе ви даде многу самодоверба.rn
5. Држење на телото
rnИсправете се и веднаш ќе се чувствувате подобро.rn
6. Страст
rnРазбудете го огнот во вас!rn
7. Бидете подготвени да учите
rnАко сакате да направите нешто, мора да учите. Ако сакате да пробате нешто ново, едуцирајте се за тоа.rn
8. Подготовка
rnКога сте подготвени и знаете што правите, самодовербата ќе биде неизбежна. Подготвувајте се, вежбајте и замислувајте си дека сте полни со самодоверба.rn
9. Ослободете се од изговорите
rnКога ќе одлучите нешто, направете го тоа сега, а не „следниот пат“ или „еден ден“. Изговорите ќе ве натераат да се сомневате во себе. Дури и да не сте подготвени, веднаш штом ќе ѝ се посветите на целта, самодовербата сама ќе се појави.rn
10. Бидете добри
rnНаправете нешто добро за некој друг, па дури и ако тој не го забележи тоа. Ќе се чувствувате подобро кога ќе знаете дека сте помогнале некому.rn
11. Благодарност
rnБидете благодарни за луѓето во вашиот живот и за секој кој ви помогнал да стигнете онаму каде што треба.rn
12. Престанете да се споредувате
rnПостои само една личност како вас – вие, а тоа ве прави уникатни. Некои луѓе успеваат помлади, некои постари. Но кое и да е правилното време за вас, бидете благодарни и немојте да се споредувате.
Погледнете ги и овие лесни начини да стекнете поголема самодоверба.

