Зошто најновата реклама на светскиот бренд „Dove“ ги налути луѓето ширум светот?

Зошто најновата реклама на светскиот бренд „Dove“ ги налути луѓето ширум светот?

Познатата компанија за сапуни „Dove“ предизвика голем гнев кај народот со нивната најнова реклама, која дефинитивно нема да се заборави уште долго време. Имено, луѓето ги обвинуваат за промовирање расизам откако објавиле реклама во која црна жена ја соблекува блузата и открива бела жена „оздола“. Сите се збунети како нешто олку контроверзно успеало да излезе во јавност во 2017 година!

Зошто најновата реклама на светскиот бренд „Dove“ ги налути луѓето ширум светот?

Зошто најновата реклама на светскиот бренд „Dove“ ги налути луѓето ширум светот?

„Dove“ веднаш го повлекоа навредливото видео и се извинија поради тоа што не успеале соодветно да го прикажат нивното гледиште на различноста. Ова е извинувањето што тие го дадоа на нивната Фејсбук страна:

„Фотографијата што ја објавивме на Фејсбук пред некое време не ја постигна посакуваната цел и не ги прикажа обоените жени на соодветен начин. Длабоко се извинуваме за предизвиканите навреди.“

И покрај тоа, штетата е направена и луѓето на социјалните мрежи немаат милост за компанијата. Ова се некои од нивните коментари…

„Драги претставници на компанијата ’Dove’, ве уверувам дека ’обоените жени’ имаат вистинска обоена кожа,а не тен што можете да го отстраните. Ви благодарам.“

„Дали маркетиншката стратегија на ’Dove’ е следнава:

Пред – црно и валкано

Потоа – бело и чисто?

Освен тоа, кој ги одобрува ваквите реклами?“

„Каква порака се обидуваат да испратат ’Dove’ со оваа реклама? Користете ги нашите сапуни и ќе станете бели… Ова е навредливо од толку многу аспекти! Едноставно сакајте го вашето тело такво какво што е!“

Тие дури и ја споредуваат рекламата со озлогласената кампања на „Pears’ Soap“ од 1800-тите кои прикажале како треба да се измијат црните деца за да станат бели.

Зошто најновата реклама на светскиот бренд „Dove“ ги налути луѓето ширум светот?

Зошто најновата реклама на светскиот бренд „Dove“ ги налути луѓето ширум светот?

Зошто најновата реклама на светскиот бренд „Dove“ ги налути луѓето ширум светот?

Некои одат дотаму што повикуваат на бојкот, користејќи ги претходните проблематични реклами на „Dove“ како основа за нивниот револт.

Зошто најновата реклама на светскиот бренд „Dove“ ги налути луѓето ширум светот?

Сепак, постојат луѓе коишто веруваат дека сето ова е ненамерна грешка и дека јавноста драматизира…

„Јас ова го разбрав во смисла дека сапуните се соодветни за сите типови кожа. Не гледам ништо расистичко.“

„Ако ја погледнете рекламата во целина, нема да најдете ништо навредливо. Се нервирате кога ќе видите како црна девојка се претвора во бела. Но, не чувствувате ништо кога белата девојка се претвора во Латиноамериканка? Мора да си ги решиме проблемите со црната и белата кожа. Нѐ убиваат!“

„Јас сфатив дека тие ја користат промената на блузата/личноста за да покажат дека луѓе со сите типови кожа можат да ги користат сапуните за да имаат поубава кожа. Но, живееме во 2017 година, така што сѐ што ќе видиме автоматски мислиме дека е расизам.“

„Едноставно не ставајте црни и бели луѓе заедно во медиумите, бидејќи секогаш ќе се најде начин да се прикаже тоа од расистичка гледна точка.“

Што мислите вие за оваа реклама? Дали ја разбирате поентата на „Dove“ или пак сметате дека се работи за расизам?

Погледнете ја и оваа интересна кампања што ги прикажува женските гради како светски лидери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар