Психолозите откриваат: Што треба да направите за да преземете контрола врз сопствениот живот?

Психолозите откриваат: Што треба да направите за да преземете контрола врз сопствениот живот?

Одвреме-навреме, сите се прашуваме како би можеле да си го подобриме животот. Одговорот е всушност многу едноставен. Сѐ што треба да направите е да го смените начинот на размислување.

Психолозите откриваат: Што треба да направите за да преземете контрола врз сопствениот живот?

Керол Двек е психолог на Стенфорд и тврди дека „развиениот начин на размислување“ е главниот фактор што може да ви помогне да го извлечете максимумот од себе. Таа вели дека постојат 2 вида луѓе во светот: Оние кои имаат развиен начин на размислување и оние кои имаат фиксен начин на размислување. Успехот што ќе го постигнете во животот зависи од тоа во која категорија припаѓате.

Луѓето со фиксен начин на размислување не можат да слушаат негативни критики и имаат силен порив да ја докажат својата интелигенција. Тоа ги спречува да го остварат својот целосен потенцијал. Доколку размислувате фиксно, тоа значи дека не можете да му пристапите на светот на позитивен начин.

Развиениот начин на размислување е многу поинаков. Таквите луѓе постојано бараат предизвици и сакаат да се развијат што е можно повеќе. Ваквите луѓе се слободоумни и знаат како да прифатат критика.

Што мислите, како размислувате вие? Дали имате развиен или фиксен начин на размислување? За да добиете повеќе информации на оваа тема, погледнете го TED говорот на Керол Двек…

Доколку сакате да си го подобрите животот, дознајте и како да се ослободите од негативните мисли.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар