Овошја и зеленчуци кои не се добри за вас

Овошја и зеленчуци кои не се добри за вас

Повеќето луѓе не треба многу да ги убедувате за здравствените придобивки од овошјето и зеленчукот. Но некои работи не може да бидат совршени, па овде спаѓаат и овие намирници. Иако е важно да внесувате свежа храна, некои овошја и зеленчуци треба да ги избегнувате, или барем да не претерувате со нивно консумирање.

1. Ананас

Closeup on woman cutting pineapple

Слаткиот вкус на ова овошје си има своја цена – во 200 грама ананас има околу 16 грама шеќер. Можеби ви е тешко да го избегнувате бидејќи го има во текот на целата година, но немојте да го консумирате премногу често.

2. Пченка

(2)ovoshja-i-zelenchuci-koi-ne-se-dobri-za-vas-kafepauza.mk

Свежата пченка најчесто се јаде при крајот на летото. Но, ние ја консумираме и во форма на пуканки, преработен сируп и житарици. Поради ова, таа е можеби најпреработуваниот зеленчук. Покрај тоа, пченката им се дава на животните за да се здебелат пред да ги заколат, па замислете какви ефекти има на нашето тело.

3. Цреши

Cherry Red

Црешите се омилена летна ужина на многумина. Но тоа што понекогаш се „заразни“ си има причина. Во 200 грама цреши има повеќе од 17 грама шеќер.

4. Кокос

(4)ovoshja-i-zelenchuci-koi-ne-se-dobri-za-vas-kafepauza.mk

Немојте да се залажувате дека кокосот е здрава алтернатива за сè. Оваа модерна суперхрана е полна со заситени масти, шеќер и калории. Иако е вкусен, некои луѓе треба целосно да го избегнуваат, како на пример луѓето со висок холестерол и со проблеми со срцето.

5. Калинка

Pomegranate

Откако конечно ќе стигнете до делот кој се јаде, сигурно е тешко да престанете. Но дали знаевте дека една калинка има 39 грама шеќер? Затоа е најдобро да ја користите како прилог во вашиот појадок.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар