Хана (Hanna)

Сподели

Филм за тоа дека не можеш да побегнеш од својот генетски код дури и ако тој те прави ладнокрвен убиец

Реклама

Режија: Џо Врајт

Улоги: Сојрс Ронан, Кејт Бланшет и Ерик Бана

Времетраење: 111 минути

Јазик: англиски, германски, италијански, шпански, арапски

Премиера: 8 април 2011

Жанр: акција, мистерија

Веб-сајт

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: [ratings]

————————————————————————————————————————————————————————rnФилмовите за супервојниците никогаш не стануваат демоде. Пред 15-ина години ги имавме со Шварценегер или Сталоне, а сега целата филмска индустрија ги прави со малку повеќе мозок и со многу повеќе пари. Во „Хана“ тој супер убиец е девојче на само 16 години кое оперира без чувства, без совест.

Кога „Леон“ и „Убиј го Бил“ (првиот дел само затоа што е подобар од вториот) ќе се сретнат на половина пат, би излегло ова кинематографско парче. Сепак, за жал не оди „рамо до рамо“ ниту со едниот ниту со другиот. На приказната ù недостасуваат оние луди остри свиоци кои ќе те остават слепен за седиштето. Но, да напоменеме дека во „Хана“ сторијата е сосема гледлива, има и добро кореографирани тепачки, иако не е филм што засекогаш ќе ви остане во сеќавањата.rn————————————————————————————————————————————————————————rn

rnПриказна: Хана (Сојрс Ронан) живее во дивина заедно со татко ù Ерик (Ерик Бана) и нејзиното секојдневие се состои во тренинзите да биде совршен убиец. Таа го нема искусено светот, туку има само читано за него, но затоа течно зборува повеќе јазици и може да убие со само еден потег.

Првите 20-ина минути гледаме нетипична татко-ќерка релација повеќе исполнета со mortal kombat моменти отколку со вистински семеен однос. Но доаѓа момент кога секое дете мора го побара својот пат, а тоа ù се случува и на Хана. Ерик ù дава опција, кога ќе биде подготвена, да го притисне прекинувачот со кој ќе влезе во светот, но притоа ќе им даде сигнал на надлежните во ЦИА каде се. Сè уште е нејасно кој ги брка и зошто, но главното име кое ги чека да згрешат и да се појават на виделина е Мариса (Кејт Бланшет). Така почнува динамичната трка – Хана и татко ù против сите.Кастингот во „Хана“ може да се каже дека е хитовски. Девојчето, Сојрс Ронан досега играла во блокбастери како „Патот назад“, „Убави коски“, и „Искупување“, иако овој пат е целосно поразлична и посурова. Нејзиниот физички изглед е феноменално доловен, проѕирна речиси албино девојка која дава смисол на клише фразата „не суди ги луѓето според изгледот“. Тука се и Ерик Бана кој е суровиот Мистер Мијаги за својата ќерка и Кејт Бланшет која, да беше ова „Убиј го Бил“, ќе беше Бил. Сепак, тие тука се коректни, но не и ѕвездени какви што најверојатно се очекува дека треба да бидат, во секое свое појавување.Кинематографија и музика: Камерата не прошета низ целиот свет. Од некои снежни дивини до мароканските топли предели до некои берлински бетонски предградија. Сепак, филмот нема желба да ни продава пејсажи, туку од местото повеќе ни доловува атмосфера. Како визуелно, така и музички, во „Хана“ се слушаат звуци од различни страни на светот, иако кога има брза тепачка задолжително оди техно.Кога и како да го гледате: Ова е ноќен филм и за возрасно друштво. Суровоста на „Хана“ може да ја растресе публиката, би рекла под 15, но за останатите е сосема безбедно кинематографско парче.rn———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

Популарно

Може ќе ве интересира