Постојат моменти кога сè во вашиот живот изгледа дека е во ред, но вие едноставно не сте среќни. Постојано се чувствувате мизерно и не можете да ја најдете причината за тоа. Голема е веројатноста да сте под влијание на негативна енергија, па поради ова да не можете да чувствувате радост.rnrn
rnrnНегативната енергија може да се појави во вашиот живот на неколку начини. Еден од нив е поминување премногу време со негативни личности. Препорачливо е да не се грижите премногу околу овој феномен, бидејќи тој не е тоа што мислите. Ако одвоите малку време и го анализирате вашиот живот, лесно ќе го откриете изворот на оваа негативност. Во продолжение прочитајте кои се знаците кои покажуваат дека сте под влијание на некоја негативна енергија.rn
1. Тешко ви е да заспиете
rnРечиси е невозможно да заспиете ако сте прогонувани од негативни мисли и грижи. Секогаш кога ќе ги затворите очите се појавува анксиозноста. Колку повеќе размислувате за овие работи, толку е поголемо нивното влијание.rn
2. Ги сфаќате критиките премногу сериозно
rnВреме е да пораснете. Луѓето најчесто не ве критикуваат за да бидат неучтиви кон вас. Наместо да ја губите мотивацијата поради критиките, гледајте на нив како можност да работите на вашите недостатоци.rn
3. Премногу сте емоционални
rnЗабележавте дека станувате премногу емоционални. Емоциите почнуваат да владеат со вас а вие губите секаква контрола. Време да им забраните да ве контролираат и да научите како вие да управувате со нив.rn
4. Ретко ја напуштате удобната зона
rnСтравот од судење и песимизмот ве натерале да се заклучите во вашата соба. Вие ретко излегувате и ретко комуницирате со други луѓе. Важно е да запомнете дека не можете да постигнете ништо ако само седите дома и не делувате.rn
5. Повеќе ништо не ве возбудува
rnИмате само сеќавања од минатото кога сте правеле работи кои сте ги сакале. Сега сето тоа задоволство ви изгледа далечно. Повеќе ништо не ве прави среќни.rn
6. Постојано се грижите
rnНема момент кога не сте преплавени со грижи. Постојано се борите и никогаш не успевате да се справите со нив.rn
7. Се споредувате со другите
rnВие сте опседнати со вашите грешки и недостатоци. Многу често се критикувате и сте премногу строги кон себе. Треба да прифатите дека секој има недостатоци и дека е човечки да се греши. Никој не е совршен.rn
8. Им дозволувате на другите да ви кажуваат што да правите
rnСамо една личност може да ви кажува што треба да правите, а тоа сте вие самите. Никој не ве познава подобро отколку вие. Ако сметате дека ќе ја пронајдете среќата постојано слушајќи ги наредбите на другите, многу грешите.rn
9. Не можете да разберете зошто сè има големо влијание врз вас
rnДодека живеете во вашиот свет од грижи, времето поминува. Губите многу од него, а сигурно сте свесни дека времето не се враќа. Станете имуни на негативноста. Ако е потребно земете и одмор.rn
10. Постојано сте изморени
rnПостојаниот стрес и анксиозноста ја цедат вашата виталност. Вие ретко чувствувате ентузијазам и речиси никогаш немате енергија. Негативноста почнала да влијае и на вашето физичко здравје.rnrnАко сакате да се борите против негативноста, најважно е прво да се опуштите. Го имате целото време на светот. Обидете се да ги разберете вашите емоции. Дајте си време да откриете што е она што ве прави среќни и прифатете ја личноста којашто сте. Ослободете се од негативните луѓе и фокусирајте се на позитивните работи во вашиот живот.rnrnДоколку се пронајдовте, овие совети ќе ви помогнат да го исчистите вашиот дом од негативната енергија.