Дали ви се случило некогаш да имате лош сон поврзан со вашиот партнер? Можеби сте сонувале како се карате, како ве навредил или изневерил. Кога сте се разбудиле, сте чувствувале необјаснива лутина кон вашиот партнер иако сте знаеле дека тоа било само сон и дека тој не направил ништо за да ве повреди во реалноста.rnrn
rnrnПред неколку години, писателката Емберли Питерсон речиси секоја недела сонувала дека дечко ѝ ја изневерува.rn
„Бевме во сериозна врска и во моите соништа, тој секогаш беше неверен. Тешко ми беше да заборавам на соништата. Од оваа гледна точка, мислам дека соништата зборуваа повеќе за моите сомнежи во врската отколку за него. Тој никогаш не би ме изневерил, така што мислам дека на тој начин потсвеста ми кажуваше дека не сме еден за друг“, открила таа.
rnДенес, Питерсон е во брак, но со друг човек. Кога сонува како сопругот ја изневерува, лесно може да заборави на соништата.rn
„Кога ќе се случи такво нешто, му кажувам дека бил многу некултурен во мојот сон. Тој обично се смее и се извинува“, објаснила Питерсон.
rnПитерсон не е единствената што има вознемирувачки соништа за партнерот. Во едно истражување со 2.000 испитаници, резултатите покажале дека речиси половина од учесниците имале лош сон за нивните сопрузи или партнери, а две третини од нив признале дека тоа влијаело на нивното однесување кон партнерот во текот на истиот ден.rnrnБрачните терапевти постојано слушаат за овој проблем од нивните клиенти. Рајан Хауез, психолог од Пасадена, Калифорнија, имал клиентка која му раскажала дека сонувала како сопругот ѝ ги уништил сите тениски трофеи што ги добила и ги заменил со лажни копии. Таа знаела дека ништо не им е на трофеите во реалноста и дека нејзиниот сопруг е добар човек. Но, симболиката на сонот ја вознемирила.rn
„Можеби тој не ги уништил трофеите, но таа мислеше дека тој е тип на човек што би можел да го направи тоа“, објаснил психологот.
rnХауез и жената истражувале што би можело секој дел од сонот да значи. На крајот заклучиле дека трофеите го претставуваат целиот труд што го вложила за да биде успешна во спортовите што ѝ биле забранети да ги игра кога била дете. Лошото однесување на сопругот во сонот ја потсетувало на тоа како се однесувал брат ѝ со неа за време на нивното напнато ривалство во детството.rn
„Заклучивме дека овој сон го открива нејзиниот страв од тоа дека нејзиниот среќен брак ќе се претвори во огорчена и лоша врска, како онаа што ја имала со брат ѝ додека растела“, открил психологот.
rnНајважно е да се открие симболиката на соништата, бидејќи поголемиот дел од нив не можат да бидат буквално сфатени.rn
„Треба да откриеме кои асоцијации ги кријат соништата за да ги разбереме. Самиот сон е очигледната содржина. Ние целиме кон тоа да го разбереме неговото значење со тоа што ќе ја одгатнеме скриената содржина“, објаснуваат експертите.
rn
rnrnПсихоаналитичарите честопати се обидуваат да ги протолкуваат соништата со помош на теориите на Зигмунд Фројд или Карл Јунг. Фројд ги сметал соништата за „пат кон потсвеста“ што им овозможува на свесните секојдневни мисли да дојдат до недостапните делови од психата. Па, по кој пат одите кога сонувате дека вашиот партнер ве изневерува?rn
„Вашите соништа може да се поврзани со стравот дека партнерот повеќе не ве сака или со грижата дека не сте доволно отворени. Но, многу ретко соништата го отсликуваат реалното однесување на партнерот“, изјавил Хауез.
rnТолкувањето на соништата е индивидуален процес. Обично, соништата се поврзани со сонувачот, а не со личноста во сонот.rn
„Кога некој пациент ќе спомене вознемирувачки сон, го разгледуваме од аспект на животот на сонувачот. Иако секоја ситуација е различна, кога пациентите раскажуваат соништа за нивните партнери, понекогаш тоа е знак на потисната лутина кон партнерот. Понекогаш, сонот е поврзан со проблем што сонувачот мора да го реши сам“, потврдил Хауез.
rnСо други зборови, треба да размислите малку за себе пред да се расправате со партнерот поради неговото однесување во сонот.rn
„Соништата се знак дека мозокот се обидува да реши некаков проблем. Кога ќе го препознаеме проблемот и ќе почнеме да го решаваме, ваквите соништа обично се повлекуваат“, изјавил психологот.
rnАко решите да му го раскажете сонот на вашиот партнер, не се изненадувајте ако вашата реакција го фати во небрано.rn
„Можеби сметате дека тие треба да чувствуваат вина и дека сценариото ви изгледало премногу реално, но тие нема да го сфатат тоа така. Запомнете: Никој не сака да биде обвинет за злочин што не ни знаел дека некогаш се случил“, заклучил психологот.
rnНареден пат кога ќе имате лош сон за партнерот, размислете прво што кажува тоа за вас. Можеби скриеното значење на вашите соништа нема никаква врска со вашиот љубовен живот. Не избрзувајте со обвинувањата и обидете се да ја одгатнете симболиката што се крие зад очигледната приказна во сонот.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте за најчудните секс-соништа и нивното значење.