18 докази дека сѐ се случува со причина во ТВ серијата „Симпсонови“
Сигурно ќе се согласите дека ТВ серијата „Симпсонови“ (The Simpsons) е повеќе од цртан филм! Цели 3 децении најпопуларните цртани ликови разговараа за многуте сериозни проблеми на човештвото, но го правеа тоа на неверојатно смешен начин. Можеби отсекогаш постоеле неколку работи во врска со ова необично семејство што не ви биле баш јасни. Денес ви ги даваме одговорите на прашањата што редовно ги поставуваат милиони обожаватели ширум светот…
1. Каков автомобил има Хомер?
Можете да го дознаете ова ако ја погледнете најавната шпица за 15-та епизода од 17-та сезона. Цртаните ликови беа заменети со вистински луѓе, па гледачите можеа да видат како би изгледале главните ликови во реалниот живот, но и каков автомобил вози Хомер. Станува збор Лада 2105.
2. Колку чини Меги?
Во најавната шпица, Меги ја „скенираат“ на каса и машината ја покажува цената. Оваа бројка ги претставува просечните месечни трошоци што се потребни за грижа за новороденче, според разни социјални истражувања. Бројот се менува одвреме-навреме како резултат на инфлацијата.
3. Кој звучеше како Мајкл Џексон?
Во првата епизода од 3-та сезона, можеме да видиме луд човек кој мисли дека е Мајкл Џексон. Всушност, тоа навистина бил Мајкл Џексон, кој бил огромен обожавател на серијата. Самиот Мајкл Џексон смислил неколку од заплетите во епизодата. Не сакал луѓето да знаат, па затоа на крај се појавува непознато име: Џон Џеј Смит.
4. Колку промени сте забележале во новата најавна шпица?
Во февруари 2009 година, најавната шпица беше сменета. Апу сега има 8 бебиња наместо куче. Меги се премести на задното седиште во автомобилот (според правилата за возење бебиња), а на крајот Симпсонови се собираат пред телевизор со рамен екран. Колку промени забележавте вие?
5. Која е целта на сцените со каучот?
Сцените со каучот се регулатори на времето. Ако епизодата е премногу долга, сцената со каучот е пократка. Ако епизодата е пократка од вообичаено, сцената со каучот трае подолго.
6. Зошто има куче во серијата „Ичи и Скречи“ (The Itchy & Scratchy Show)?
Фокс побарале од креаторите на серијата да додадат уште еден лик во семејството. Кучето во „Ичи и Скречи“ било компромис.
Продолжува на следната страница…