Луѓето кои имаат хронични болки се соочуваат со нешто што најверојатно не би можеле да го разберете, освен ако и самите не поминувате низ истото. Овие луѓе живеат во големи болки и постојано се истоштуваат од обидите нормално да ги извршуваат секојдневните обврски.rnrn
rnrnПоединците кои се справуваат со хронична болка и успеваат нормално да функционираат се неверојатно силни. Ако познавате човек што минува низ ова, сигурно дека не му е лесно. Без разлика за каква хронична болка станува збор, никогаш не треба да ги осудуваме луѓето поради тоа што се обидуваат да се справат со неа најдобро што можат. Ова се 10-те работи што луѓето кои имаат хронични болки би сакале да ги знаете…rn
1. Не се мрзеливи
rnКога имаат многу силни болки и не можат да станат од кревет, не си помислувајте веднаш дека се мрзеливи. Нив навистина ги боли. Мрзеливите луѓе не сакаат да бидат активни, но тие сакаат. Не постои ниту еден човек со хронични болки што сака да биде врзан за креветот.rn
2. Не ги злоупотребуваат лековите
rnСамо затоа што земаат повеќе лекови за да си ја ублажат болката не значи дека се зависници. Тие не сакаат да зависат од лековите за да се чувствуваат подобро, но ако треба да земаат по 6 апчиња 2 пати дневно за да не плачат секогаш кога ќе се помрднат, ќе го сторат тоа.rn
3. Ако постојано се жалат од болката, тоа значи дека навистина многу ги боли
rnТие знаат како да ја скријат болката и да се преправаат дека сѐ е во ред. Но, ако проговорат за неа гласно, тоа значи дека болката е многу посилна одошто можете да си замислите. Хроничната болка може да биде навистина ужасна.rn
4. Не сакаат да откажуваат планови, но понекогаш мораат
rnКако и сите луѓе, и тие имаат добри и лоши денови, но понекогаш лошите денови не им дозволуваат да излезат. Тука не можат да си помогнат.rn
5. Не си ги замислуваат работите
rnСамо затоа што не можете да ги разберете нивните проблеми, не значи дека не се вистински. Некои болести се невидливи за оние коишто не ги доживеале. Немојте да бидете полни со стереотипи и предрасуди. Тоа што им велите дека болката ќе им помине доколку се опуштат, воопшто не им помага.rnrn
rn
6. Не можете да ги поправите
rnЛуѓето со хронични болки не сакаат да барате магични ритуали за исцелување на Интернет. Знаат дека сакате да им помогнете, но не постои волшебен лек. Тие ги пребарале сите можни веб-сајтови и минуваат низ преголема болка за да се сетат дека треба да нанесуваат џем од грозје на левото стапало 5 пати дневно и да го мијат со оцет. Само бидете тука за нив, без да се обидувате да им ја излечите болката.rn
7. Можеби изгледаат нормално, но тоа не значи дека немаат болки
rnСамо затоа што некој изгледа нормално, не значи дека се чувствува добро. Сите хронични болки не завршуваат на болнички кревет. Како што веќе споменавме, луѓето со хронични болки имаат добри и лоши денови, но постои голема веројатност дека вие не можете да направите разлика. Тие знаат како да се справат со болката.rn
8. Не сакаат да ги сожалувате
rnСожалувањето нема да им помогне. Луѓето со хронични болки само сакаат да бидат прифатени. Ако ги сожалувате или им дадете до знаење дека се премногу драматични, нема воопшто да им помогнете. Хроничната болка не е изговор, туку вистински проблем.rn
9. Позитивните мисли нема магично да им ја намалат болката
rnАко сакате да изнервирате луѓето со хронични болки, кажете им да размислуваат позитивно. Знаеме дека имате добри намери, но одбегнувајте ги овие зборови. Кога позитивните мисли навистина би помагале, сите луѓе кои страдаат од хронични болки би биле излечени.rn
10. Тие навистина ве ценат
rnТие се благодарни што ве имаат и што сакате да им помогнете. Не поминува ниту еден ден без да помислат колку би им било лошо кога не би биле тука за нив. Не го заборавајте ова!rnrnВо продолжение, прочитајте за следниве 12 типови болка кои се директно поврзани со емоционалните состојби.