Како да останете блиски со вашите пријателки покрај сите семејни обврски и напорни распореди?
Се будите, си правите кафе и потоа вашиот ден почнува со забрзано темпо, а вам ви се чини како да нема крај. Колку и да ве боли срцето, кога ќе видите дека на телефонскиот екран светка името на вашата најдобра пријателка, немате друг избор освен да го игнорирате повикот. Немате поим како да останете блиски кога животот, љубовта и работата застанале помеѓу вас. Доколку не знаете што да направите, следниве 5 совети ќе ви помогнат да ги задржите вашите пријателства…
1. Прифатете ги промените во начинот на кој комуницирате
Порано со часови сте разговарале на телефон, но сега откако вашата најдобра пријателка родила деца, не можете ниту да ѝ го чуете гласот. Па, што можете да направите? Бидете директни и прашајте ја како најлесно можете да контактирате во зависност од нејзиниот распоред. Можеби претпочита пораки или кратки телефонски разговори. Целта ви е да најдете лесен начин на комуникација кога животите не ви се ускладени.
2. Одредете ден што ќе биде само ваш
Најдете ден еднаш неделно или месечно и договорете се однапред. Пожелно е обете да бидете флексибилни, ако ви излезе нешто непланирано, како на пример проект на работа или болно дете. Но, закажувањето конкретен датум ќе ги зголеми шансите да се видите во живо. Освен тоа, ќе имате средба која со нетрпение ќе ја очекувате.
3. Одредете си годишнина
Ова е слично со претходниот совет, но погрижете се да биде нешто поголемо, како на пример одење во спа центар еднаш годишно. Ќе ви биде многу полесно да останете во контакт, ако имате конкретни планови.
4. Заедно завршувајте ги обврските
Таа треба да оди во продавница, а вие треба да вадите некакви документи. Зошто да не ги завршите ваквите здодевни обврски заедно?! Ако живеете блиску, видете кои задачи и обврски можете да ги завршите како тим. Обидете се во меѓувреме да поразговарате малку за работите што ви случувале и ќе успеете да го сочувате пријателството.
5. Отворено кажете ѝ дека ви недостасува
Понекогаш толку многу се фокусираме на нашите животи што ги запоставуваме луѓето кои најмногу ни значат. Токму затоа, многу е важно гласно да кажете како се чувствувате. Не комплицирајте и бидете што е можно подиректни. Кажете нешто како „Ми недостигаш! Знам дека си презафатена, но можеби можеме да се видиме на Скајп? Сакам да ти кажам што ми се случи“. Директноста ќе ви помогне да се ослободите од горчливите емоции што можеби сте ги потиснувале. Дајте ѝ конкретна причина зошто сакате да разговарате, бидејќи на тој начин нема да ѝ додевате, туку ќе ѝ дадете до знаење дека нејзиното мислење многу ви значи.
Во продолжение прочитајте и како да останете во контакт со поранешните колеги.