9-те најчести причини зошто луѓето ги вкрстуваат рацете
Кога ќе забележите некој да стои со вкрстени раце, немојте веднаш да донесувате заклучок дека се обидува да се дистанцира од вас. Постојат 9 причини зошто луѓето несвесно го прават ова. На пример, може да станува збор и за создавање чувство на пријатност, воздржаност од лутење, криење на неудобноста…
1. Удобност и утеха
Луѓето почесто заземаат поза со вкрстени раце во јавноста отколку кога се сами. На тој начин, понекогаш, како да се обидуваат да се прегрнат самите себеси и така да се утешат.
2. Го намалуваат стресот
Кога се под стрес, луѓето ги вкрстуваат рацете за да се масираат, а тоа го прават несвесно. Ова смирува, а има и малку поинтензивна ефикасност од стискањето на дланките.
3. Ја сокриваат несигурноста
Кога на жените им е непријатно заради машките погледи, често ги вкрстуваат рацете на градите, бидејќи така скоро инстантно почнуваат да се чувствуваат помалку изложено. Вака се однесуваат и мажите кога се чувствуваат неудобно и несигурно во присуство на друг маж.
4. Нервоза и страв
Вкрстените раце на луѓето им помагаат да совладаат одредени психолошки напнатости, како што се нервозата и стравот. Во овој случај, луѓето често го допираат вратот, а тоа е чист знак дека некој е напнат, нервозен, несигурен…
5. Воздржаност или фрустрација
Луѓето ги вкрстуваат рацете кога се вознемирени, најчесто за да се воздржат или да се смират. Кај децата ваквото однесување е доста често, на пример, кога ќе се налутат или кога не сакаат да направат нешто, ќе ги вкрстат цврсто рацете, понекогаш во комбинација со стиснати дланки. Слично се однесуваат и на возрасните во слични ситуации.
6. Копирање на туѓото однесување
Луѓето може несвесно да се копираат едни со други, на пример, да ги копираат позите во кои стојат. На пример, двајца мажи стојат со вкрстени раце и нозе, двајцата со едното рамо потпрени на ѕидот. Многумина, кога би ги виделе од страна, би помислиле дека има некаков конфликт помеѓу нив, но не е така. Тие се копираат еден со друг, а положбата открива дека помеѓу нив сѐ е во ред. Рацете им се вкрстени, бидејќи така се чувствуваат попријатно додека разговараат.
7. Се чувствуваат помоќно
Мажите често ги вкрстуваат рацете и максимално се исправуваат за да изгледаат покрупно и помоќно со цел да ја предупредат конкуренцијата или невербално да порачаат некому да не се впушта во конфликт со нив. На пример, сигурно сте забележале дека обезбедувањето во ноќните клубови честопати заземаат ваква положба. И жените го прават ова, но не толку често.
8. Сакаат да се изолираат
Луѓето ги вкрстуваат рацете кога ќе наидат на некој што не им се допаѓа, бидејќи на тој начин создаваат еден вид бариера. За жал, пораката која невербално се испраќа на овој начин, многумина не ја сфаќаат, па и понатаму упорно се обидуваат да комуницираат со нив.
9. Студено е
Да, кога на луѓето им е студено, тие автоматски ќе ги вкрстат рацете за да се згреат. Ова однесување не крие никакви задни намери.
Говорот на телото е моќен алат кој скоро секојдневно го користиме, а заради овие пораки на телото другите луѓе се чувствуваат лошо во вашето присуство.