КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: На терапија

ТВ серија за секојдневните проблеми на Македонците кои се обидуваат да најдат решение со помош на психотерапевт

rn(0) tv-serija-na-terapija-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Никола Ристановски, Јелена Јованова, Тони Наумовски, Драгана Костадиновска, Ангела Димитрова, Висар ВишкаrnrnЖанр: драмаrnrnПродуцент: Роберт НасковrnrnПремиера: 18 септември 2017rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: ~40 минутиrnrnЈазик: македонскиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=lwnHz3p_sSgrnrnКако голем љубител на ТВ сериите, ми причинува огромно задоволство што можам да пофалам една наша ваква приказна. Досега имавме можност да погледнеме 3 епизоди од 45-те снимени и мора да признам дека воопшто не разочаруваат и навистина вреди да се одвои време за нив. На кратко, квалитетот на серијата е на високо ниво, глумата е неверојатна, а изборот на актерите (барем досега) е скоро совршен. Започнувајќи од психотерапевтот и неговите клиенти, па сè до останатите споредни ликови, изгледа како секој актер да е роден за доделената улога.rnrn(2) tv-serija-na-terapija-www.kafepauza.mkrnrnШто се однесува до самата приказна, токму ликовите се оние што ја издвојуваат од останатите. Имаме можност да запознаеме комплексни карактери што се борат со секојдневни македонски проблеми во кои многумина од вас без сомнение ќе се пронајдат. И како што тие се обидуваат да ги решат овие потешкотии на психотерапевтскиот кауч, така и кај вас ќе почнат некои внатрешни процеси, мотивирајќи ве и самите да преземете нешто во врска со вашиот живот, па можеби дури и да побарате помош од професионалец, ако имате потреба од тоа.rnrn(3) tv-serija-na-terapija-www.kafepauza.mk (4) tv-serija-na-terapija-www.kafepauza.mkrnrnГлавниот актер, Никола Ристановски, ја толкува улогата на психотерапевтот д-р Виктор Терзиев и донекаде може да ви покаже како навистина изгледаат овие сесии. Имајќи го ова на ум, како личност што поминала низ психотерапевтската обука, чувствувам должност да ве предупредам дека тој е само лик во серија, па не треба да го земате здраво за готово тоа што го гледате пред вас. Ако прашате искусен психотерапевт, тој веднаш ќе ви укаже на голем број грешки во неговите прашања, коментари и однесувања, што ниту еден психотерапевт не смее да си ги дозволи. Сепак сите овие нешта се дел од поголемата слика што сценаристите сакаат полека да ја откриваме со секоја нова епизода и со оглед на тоа што не станува збор за реалноста, не делуваат толку страшно.rnrn(5) tv-serija-na-terapija-www.kafepauza.mk (6) tv-serija-na-terapija-www.kafepauza.mkrnrnДосега најголем впечаток остави перформансот на актерката Јелена Јованова, и нејзината епизода беше значително посилна во однос на останатите. Но како и секоја друга добра серија, потребно е време да ги запознаеме сите ликови, како и да минеме низ сито и решето со нив, за да можеме да се поврземе и да ги разбереме. Очекувам дека тоа и ќе се случи, останува само на времето да ни покаже дали сум во право…