Овие 10 „алтернативни“ места се исто толку добри колку и нивните познати близнаци. Имаат ист изглед, иста историска вредност и сосема иста атмосфера. Па, ако навистина сте љубители на патувањата и на историјата, посетете ги и овие бесплатни дестинации.rn
1. Колосеум/Арена Пула
rnКолосеумот во Рим е една од најпознатите туристички атракции, но малку луѓе знаат за неговиот близнак во Хрватска. Древниот римски амфитеатар во Пула е единствената арена на која се останати 4 кули.rn
2. Богородичната црква во Париз/Катедралата Амиенс
rnИ двете катедрали се во Франција. Богородичната црква е во Париз, а Амиенс е во северниот дел на државата. Првата катедрала најмногу се прославила поради писателот Виктор Иго и неговата книга за Циганката Есмералда. Амиенс ја немала таа среќа, но кога ќе ја посетите ќе можете навистина да уживате во неа бидејќи има многу малку туристи.rn
3. Мачу Пикчу/Исла дел Сол
rnМачу Пикчу е најпознатиот град на Инките. Но, овде нема храна и вода и бројот на туристи е ограничен. Покрај тоа посетата на овој град е навистина скапа. Наместо овде, можете да одите во Боливија и да посетите друг град на Инките – Исла дел Сол.rn
4. Стоунхенџ/Авбери
rnКога ќе го посетите Стоунхенџ не смеете да ги допирате камењата, не смеете да влегувате внатре и нема каде да се засолнете од дождот. А целата посета ќе ве чини многу. На само 30 километри од овде, можете да најдете исти камења со многу интересна историја. Покрај тоа, Авбери можете да го посетите бесплатно.rn
5. Петра/Лалибела
rnПетра е како древна бајка. Но, инфраструктурата и толпата од туристи може да ви го уништат задоволството. Затоа пак можете да ја посетите Лалибела во Етиопија. И овде има цркви и катедрали изрежани во карпа, од кои најинтересна е црквата Св. Ѓорѓи.
Продолжува на следната страница…rn

