6-те разлики помеѓу религијата и духовноста
Кога ќе им кажете на луѓето дека сте духовно свесни но не сте религиозни тие ќе бидат малку збунети. Луѓето ја гледаат духовноста како нешто чудно и мистериозно. Вистинита е дека духовноста е можеби најприродното нешто што постои. Тоа е едноставно вашата свест која дознава дека сте повеќе од само тело. Погледнете ги најголемите разлики помеѓу духовноста и религијата.
Не постојат правила во духовноста
Спротивно од следење на некоја идеологија или некакви правила, духовноста ви дозволува да го следите своето срце. Ве охрабрува да ја слушате вашата интуиција и да го правите она што е најдобро за вас и за другите околу вас. Духовноста ви дозволува да бидете најдобрата верзија од себе и нема ветувања за казна или за награда. Наградата е вашата среќа.
Духовноста е основана на љубов, а не на страв
Низ религијата има многу страв. Страв од последици, страв од прашањето што ќе се случи после смртта и слично. Но, во духовноста има само љубов, која ве охрабрува да ја фокусирате целата ваша енергија на доброто.
Религијата ви ја кажува вистината, духовноста ви дозволува сами да ја откриете
Наместо да ви кажува како настанал универзумот и која е нашата цел на земјата, духовноста ви овозможува сами да ги откриете одговорите на овие прашања. Ве охрабрува сами да ја пронајдете вашата вистина и не ви поставува граници.
Религијата разделува, духовноста обединува
Денес постојат многу религии и секоја од нив тврди дека таа е вистинската. Духовноста ја гледа вистината во сите нив и ги обединува. Духовноста се фокусира на квалитетот на светата порака која ја делат религиите, а не на разликите и деталите во нивните приказни.
Разликата помеѓу карма и казна
Наместо да зборува за казна или да се заканува за пеколот, духовноста зборува за кармата. Ова е законот за привлекување – што давате тоа и добивате.
Одете по вашиот пат
Наместо древните приказни за ангели и богови, духовноста ве охрабрува сами да се движите на својот пат и да создадете своја приказна. Ова ве носи на патување на каде што ќе се откриете и ќе се просветлите, а единствената граница сте самите вие.
Ако добро ја разгледате религијата, ќе сфатите дека и таа потекнува од духовноста. Исус и пророкот Мухамед имале свои духовни патувања пред да ја започнат својата мисија. Па, религијата сепак има некоја вистина и многу луѓе може да бидат и религиозни и духовно свесни. Духовноста нè потсетува дека ние не сме одделни, не постојат граници, раси и културни разлики. Единствената константа е љубовта.