8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралица

8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралица

Кралицата Елизабета Втора е монархот што досега најдолго останал на власт и тешко е да се замисли некој друг на нејзино место. Таа е олицетворение на стабилноста и редот. Но, Кралицата ги живее нејзините 90-ти години, неизбежното ќе се случи порано или подоцна и Велика Британија веќе има некои планови за овој тажен настан. Прочитајте што ќе се случи кога ќе заврши владеењето на кралицата Елизабета…

1. Принц Чарлс

8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралица

Престолот не смее да остане празен. Веднаш штом ќе биде потврдена смртта на кралицата Елизабета, Чарлс ќе стане новиот англиски монарх. Кралот Чарлс ќе му се обрати на народот вечерта по смртта на мајка му и наредниот ден ќе ги посети Шкотска, Велс и Ирска за да се запознае со неговите луѓе таму. И покрај околностите што ја донесоа во кралското семејство, според законот, неговата сопруга Камила Паркер-Баулс ќе стане кралица Камила.

2. Операција Лондонски мост

8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралица

Кога ќе се рашират вестите, кодот „Лондонскиот мост е долу!“ (London Bridge is down) ќе го започне најинтересниот и најдеталниот план за погреб во светот. Постојат различни планови за превоз во зависност од тоа каде ќе почине кралицата. Ништо не е оставено на случајноста. Можеби вам би ви било чудно да си го планирате сопствениот погреб, но за членовите на кралското семејство тоа е дел од нивната работа.

3. Информирање на светот

8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралица

Личниот секретар на кралицата прв ќе ги дознае вестите. Тој ќе му го соопшти тоа на премиерот, без разлика колку е часот. Потоа, вестите ќе патуваат до 51-та нација од Британскиот комонвелт кои се наоѓаат надвор од Велика Британија, но каде што кралицата е владетел на државата. Ќе биде прикажано соопштение со црни рабови пред портите на Бакингемската палата. Истовремено, сите светски медиуми ќе бидат известени за настанот. Пилотите ќе ги споделуваат вестите за нејзината смрт со нивните патници.

4. Парламент

8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралица

Двете куќи на парламентот ќе се соберат неколку часа по смртта за да се заколнат на верност на нивниот нов владетел. Ако премиерот не е во Лондон или парламентот е распуштен, ќе треба да се вратат назад најбрзо што можат.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар