Во кој од овие влезови најмногу се плашите да влезете? Вашиот одговор открива многу повеќе отколку што очекувате!
„Влезот во кој најмногу се плашите да влезете, всушност го содржи богатството кое го барате“, вели Џозеф Кембел, американски историчар и писател кој направил неколку студии базирани на човечката психологија. Теоријата му е базирана на фактот дека човекот треба да биде среќен и дека мора да пронајде начин како да се ослободи од своите стравови и да ги следи своите идеали. Познатиот психолог Клифорд Н. Лазарус се согласува со него. Тој смета дека луѓето сами може да си создадат одредени препреки кои понатаму ги спречуваат да бидат тоа што се и целосно да се изразат.
Тој ги повикува сите да соберат сила и да се соочат со своите стравови, бидејќи единствено на тој начин ќе ја пронајдат вистинската среќа. За да дознаете кое е вашето богатство што го барате, изберете влез во кој ви е најмногу страв да влезете и пронајдете го објаснувањето.
Стара куќа
За вас може да се каже дека сте дефинитивно човек со многу силна, интелигентна и аналитичка личност. Немате проблеми со прифаќањето на работите онакви какви што навистина се. Своите вредности во животот секогаш ги ставате на прво место и очекувате од другите луѓе да се однесуваат исто како и вие.
Пукнатините по ѕидот покажуваат дека сте подигнале емоционални и духовни ѕидови што резултира со тоа дека на другите им е тешко да допрат до вас. Светлоста која се гледа открива дека сте подготвени да ги отстраните тие емоционални бариери. Вие имате само неколку пријатели, но тоа се вистински пријатели на кои можете да се потпрете.
Богатството кое го барате во вашиот живот е емоционалното задоволство, а со луѓето би требало да градите подлабок однос кој повеќе доаѓа од срцето отколку од главата.
Скалила кои водат кон подрум
Скалите кои може да ве однесат во подрум или на таван, покажуваат дека сакате да бидете слободни и да уживате во животот. Спуштањето низ скалите симболизира страв од тоа да бидете закопани, што значи дека стравувате од смртта и неизвесноста која ве чека во иднината. Вие сте човек кој многу размислува и кој го сака животот.
Богатството што го барате е добро здравје, така што би било одлично ако почнете да водите грижа за себе, односно да се храните здраво, да бидете физички активни и слично. Секогаш почитувајте се самите себеси и ќе го пронајдете она што го барате.
Не го пронајдовте вашиот избор на оваа страница? Преминете на следната…