Ошо објаснува зошто бракот може да ви го уништи животот

Ошо објаснува зошто бракот може да ви го уништи животот

Мислењето на Ошо за оваа тема навистина ќе ве натера да размислите. Тој го објаснува проблемот со бракот, како тој станал бојно поле и зошто бракот значи дека не знаете како да бидете сами. Ако сте сингл ќе најдете надеж во овој текст. Ако сте во брак, овие зборови ќе ви помогнат да се сетите зошто сте го направиле тоа, но и ќе ви помогнат да ја најдете вистинската љубов со партнерот.

osho-objasnuva-kako-brakot-mozhe-da-vi-go-unishti-zhivotot-kafepauza.mk

Дали бракот е спојување на сродните души?

„Дали концептот сродни души е покорисен од бракот? Концептите не се важни. Она што е важно е вашето разбирање. Можете да го замените зборот брак со зборот сродна душа, но вие ќе останете исти. Можете да направите вистински пекол од сродните души како што сте правеле од бракот. Ништо не се променило, само зборот, ознаката. Не им верувајте на ознаките.“

„Зошто бракот бил неуспешен? Како прво, на бракот му поставуваме неприродни стандарди. Се обидуваме да го направиме нешто трајно, нешто свето, без да знаеме што значи светост, без да знаеме што било за вечноста. Нашите намери со добри, но нашето разбирање е многу мало. Па наместо да биде нешто божествено, бракот се претвора во пекол.“

„Ова е глупавоста на човекот: Секогаш кога ќе му стане тешко, тој го менува зборот. Сменете го зборот брак во сродни души, но вие не се менувајте. Вие сте проблемот, не зборот. Розата е роза… можете да ја викате како сакате. Вие барате да го промените концептот, а не да се промените самите.“

Бракот стана бојно поле

„Бракот не успеал бидејќи не сте биле во можност да ги исполните очекувањата за него. Сте биле брутални, љубоморни, зависни, не сте знаеле што е љубов. Во името на љубовта сте пробале сè што е спротивно на неа: посесивност, доминација, моќ.“

„Бракот станува бојно поле кога двајца се борат за надмоќ. Се разбира, мажот си има свои одлики – грубост и примитивност. Жената си има свои одлики – женственост, нежност и малку цивилизираност. Но ситуацијата е иста. Денес психолозите го гледаат бракот како најголем непријател. А тој докажал дека е така. Двајца непријатели живеат заедно и се преправаат дека се вљубени, очекувајќи другиот да им даде љубов. Никој не е подготвен да дава љубов, никој ја нема. Како можете да давате љубов кога ја немате?“

Бракот значи дека не знаете да бидете сами

„Без брак ќе нема мизерија, и ќе нема смеа. Ќе биде толку тивко, како нирвана на земјата! Бракот одржува многу работи: религија, држава, нации, војна, литература, филмови, наука. Всушност, сè зависи од институцијата брак.“

„Јас не сум против бракот, туку сакам да ве натерам да гледате и подалеку од него. Но оваа можност се создава бидејќи бракот ви предизвикува мизерија, одбивност, анксиозност, па мора да научите да ја избегнете. Бракот не е неопходен, тој е потребен за да ви помогне да се запознаете. Тој е како скала. Се качувате по неа, но ќе дојде моментот кога ќе мора да ја напуштите скалата. Ако продолжите со качување, ве чека опасност.“

„Научете нешто од бракот. Бракот го претставува целиот свет во минијатурна форма. Тој ве учи на многу работи. Тој ќе ве научи дека не знаете што е љубов, дека не знаете да разберете некој друг, дека не знаете да комуницирате, дека не знаете да живеете со некој друг. Тој е огледало, ви го покажува вашето лице од сите аспекти. А ова е потребно за вашето созревање. Но, личноста која зависи од него останува незрела. Мора да гледате подалеку од бракот.“

„Бракот значи дека сè уште не сте спремни да бидете сами, потребен ви е другиот. Без тој другиот се чувствувате безначајно, а со него се чувствувате мизерно. Бракот е вистинска дилема! Ако сте сами сте мизерни, ако сте заедно сте мизерни. Тој ќе ви ја покаже вашата реалност, дека нешто длабоко во вас сака промена за да можете да бидете среќни и сами и заедно. Тогаш бракот не е повеќе брак бидејќи веќе нема поврзаност. Тогаш бракот е делење, тогаш е љубов. Тогаш ви ја дава слободата која е потребна за созревање.“

Бракот е обид за легализирање на љубовта

„Бракот е нешто против природата. Бракот е човечки изум, веројатно од потреба, но сега таа потреба е застарена. Тој е грда институција и тоа од една причина – љубовта не може да се легализира. Љубовта и законот се спротивни феномени.“

„Бракот е обид за легализирање на љубовта. И тоа од страв. Тоа е од мислење за иднината, за утрешниот ден. Човекот постојано размислува за минатото и иднината, а токму со ова мислење ја уништува сегашноста. А сегашноста е единствената реалност која постои. Секој мора да живее сега. Минатото треба да умре, и да му се дозволи да умре.“

„Ме прашувате која е тајната за среќен брак. Не знам! Никој не знае. Зошто Исус не стапил во брак ако ја знаел тајната? Тој ја знаел тајната за божјото царство, но не ја знаел тајната за среќен брак. Махавира, Лао Цу, Чанг Цу, сите тие не стапиле во брак, бидејќи нема тајна. Ако имало, овие луѓе ќе ја откриеле. Овие луѓе го разбирале Бог, но не можеле да го разберат бракот.“

Oваа античка поучна приказна ќе ви помогне да ја разберете разликата помеѓу љубовта и бракот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар