Не заборавајте да се грижите за себе! Вие не сте ѕвезда што паѓа!

Не заборавајте да се грижите за себе! Вие не сте ѕвезда што паѓа!

Велат дека ѕвездата најмногу блеска пред да падне. Додека светот му се восхитува на вашето блескаво присуство, исцрпноста во вашите очи ги открива границите на вашата енергија. Тие не трепкаат со ентузијазам како некогаш. Можеби тоа е така, затоа што сте заборавиле да ги покренете нуклеарните реакции во вашето срце.

Не заборавајте да се грижите за себе! Вие не сте ѕвезда што паѓа!

Во некој момент од изминатите неколку години, вие сте почнале да се вреднувате себеси преку туѓите пофалби. Иако сте мислеле дека имате многу што да дадете, ненамерно сте ја намалиле сопствената вредност со тоа што сте биле премногу достапни. Сте го обезвредниле вашиот бренд.

Тоа е така затоа што сте барале внимание од луѓето кои не го заслужиле вашето. Не сте успеале да сфатите дека не можете на сите да им се допаднете. Таа неспособност сте ја сметале за мана. Овој недостаток сте го сфатиле како знак за тоа дека не можете да му значите никому. Но, наместо да размислите за вашите постапки, вие сте продолжиле да одите по истиот пат уште порешително.

Сте престанале да велите „Не“, но сте почнале да го прифаќате како одговор многу почесто. Сте се откажале од моментите што ви значат на сметка на ветувањата за моментите што никогаш не се случиле. Сте го изгубиле сонот. Сте изгубиле пријатели. Сте изгубиле самодоверба. Вредноста сте ја наоѓале во звукот на добиените пораки. Убавината сте ја виделе во обработените фотографии. Сте живееле во меѓупростор, чекајќи го туѓото одобрување за да продолжите понатаму.

Моментално, живеете на таков начин што се обидувате да му угодите на секој човек што ќе го запознаете. Мора да сфатите дека тоа не е возможно. Некаде за време на вашето патешествие, перфекционистот што се крие во вас ве убедил дека е така. Тој ви создал таква несигурност што станува сѐ посилна секогаш кога ќе се загрижите да не разочарате некого. Таа несигурност е толку силна што ве принудува да го жртвувате сопствениот напредок.

Овој перфекционист им дозволува на другите да ја „цицаат“ вашата енергија. Со тоа што живеете за другите, а не се грижите за себе, со сигурност ќе избледете и ќе се претворите во црна дупка. Сте прегореле и сте си дозволиле себеси да потонете во вашата небиднина. Сте прегореле и наскоро ќе започне вашето паѓање.

Не заборавајте да се грижите за себе! Вие не сте ѕвезда што паѓа!

Порано сте знаеле дека животот е она што се случува зад вашиот оклоп на анксиозноста каде што моментално живеете. Сте знаеле дека можете да ги почувствувате ѕвездените ноќи додека ветрот ви ги полнел белите дробови со воздух. Сте можеле да го чуете сето тоа во прекрасните ноти што толку совршено сте ги свиреле на вашето пијано. Тоа можело да се види во насмевките што сте им ги давале на вашите најдобри пријатели и семејство.

Тоа се моментите што ја одржуваат вашата енергија, моментите полни со страст, ентузијазам и среќа што можат да ги осветлат животите до кои допираат. Оваа енергија ќе ги привлече луѓето кои припаѓаат во вашиот живот. Луѓето кои припаѓаат во вашиот живот ќе ви помогнат да ја одржите вашата енергија. Луѓето кои припаѓаат во вашиот живот ќе знаат дека ја заслужувате таа енергија.

Дури и да ви се чини дека вашата ѕвезда непоправливо избледела, запомнете дека новите ѕвезди се создаваат од остатоците на старите. Избришете ги апликациите што ве нервираат, исклучете го телефонот, затворете го лаптопот. Излезете. Дишете длабоко додека не го почувствувате воздухот како струи низ вас. Создавајте музика. Уживајте во ехото што се создава по секоја нота што ќе ја отсвирите. Посетете ги вашите пријатели. Смејте се додека создавате сеќавања што ќе ви носат среќа во наредните години.

Обновете ја енергијата која ве претворила во она што сте денес. Кога ќе почнете да се грижите за себе, ќе почнете да блескате посилно од кога било. Одразот на вашата внатрешна светлина е она што му го должите на светот околу вас. Тоа и ништо друго.

Доколку не знаете како да се грижите за себе, можеби ќе ве мотивираат следниве моќни цитати за љубовта кон себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар