Сè што треба да направите за подобро физичко и ментално здравје
Во денешниот модерен свет, стресот е еден од главните виновници за нарушеното здравје и незадоволството. Честопати забораваме на себеси и на своите потреби, па затоа и решивме да ве потсетиме на неколку важни совети со чија помош ќе научите секојдневно да се грижите за себе. Тоа е единствениот начин да бидете посреќни, пополни со енергија и позадоволни!
За ментално здравје:
- Прочитајте книга
- Научете нова вештина (на пример, фотографирање или цртање)
- Обидете се безгрижно да појадувате
- Направете бележник за сите своите идеи
- Оставете ги зад себе обврските што сте ги завршиле
- Избришете ги старите имејлови што веќе не ви се потребни
- Обидете се што повеќе часови во денот да минувате без мобилен и компјутер
- Поминувајте време во тишина
За физичко здравје:
- Станете и истегнете се
- Секојдневно шетајте
- Одвојте време за дремка во попладневните часови
- Одете на масажа
- Редовно танцувајте
- Почесто прегрнувајте ги блиските
- Исчистете го целиот дом
- Секојдневно барајте причина за насмевка
- Тренирајте редовно
- Пијте смуди
- Јадете овошје и зеленчук
- Дишете длабоко
Како целосно да го промените вашиот живот?
Понекогаш мора да преземете поголеми чекори во вашиот живот со цел да направите доволно моќна промена што целосно ќе ви го смени животот. Тука спаѓаат медитацијата и јогата, иако тоа може да варира во зависност од вашиот карактер (ако сте поенергични, можеби поголемо влијание ќе ви има кикбоксот!).
Исто така наоѓајте време за себе и за своите мисли. На пример, запалете свеќи и изгаснете ги сите светла во домот, со цел да уживате повеќе во оваа поприродна светлина. Можете да го искористите ова време и да направите листа од сите оние нешта на кои сте благодарни, за да се потсетите на убавите работи во животот.
Редовно разговарајте со пријателите – тие се вашето избрано семејство. Секогаш бидете љубезни кон луѓето околу вас и помагајте колку што можете. Но исто така одете и на љубовни состаноци, а ако веќе сте во врска, барем еднаш неделно издвојувајте еден цел ден за квалитетно време поминато со партнерот.
Одвојте време за ново хоби на коешто целосно ќе се посветите. Којзнае, можеби ќе ја пронајдете вистинската страст во вашиот живот. И најважно од сè, ако имате домашно милениче – секојдневно посветувајте му се најмногу што можете!
За подобро здравје: Ритуали кои треба да ги направите пред 10 часот наутро.