Жените што ја фарбаат косата во оваа боја се изложени на најголем ризик за рак на дојка
Обрнете внимание на бојата за коса што ја купувате, бидејќи таа може да биде многу опасна за вашето здравје. Според една нова студија, жените што редовно ја фарбаат косата или користат хемикалии за нејзино исправување, имаат најголем ризик за развивање рак на дојка. Истражувањето што било спроведено на повеќе од 4.000 жени било објавено во списанието „Carcinogenesis“.
Научниците откриле дека жените што ја фарбале косата во потемни нијанси, го зголемувале својот ризик за развој на рак на дојка за 51%, додека пак ризикот за оние што имале посветла коса со истата навика за нејзино потемнување, достигнувал до 74%.
Истражувањето било спроведено од страна на Универзитетот Рутгерс, и биле проучувани жени помеѓу 20 и 75 години, од кои повеќе од половина преживеале рак на дојка. Водечката авторка на студијата, Адана Ланос, епидемиолог при Рутгерсовото училиште за јавно здравје во Њу Џерси, Америка, објаснила дека нивните резултати не укажуваат на тоа дека користењето боја за коса со сигурност ќе предизвика рак на дојка кај жените.
„Реалноста е дека ние редовно се сретнуваме со различни штетни состојки над кои немаме контрола. Но жените мора да бидат внимателни кога станува збор за хемикалиите што ги користат на своите тела. Тоа што мислам дека е навистина важно е дека мора да бидеме свесни кога користиме токсични материјали“, вели таа.
Според Националниот институт за рак, се проценува дека една третина од жените постари од 18 години користат некаков вид фарба за коса. Таа содржи повеќе од 5.000 различни хемикалии, а некои од нив се пријавени како канцерогени. Па доколку сакате да го зачувате вашето здравје, можеби е време да ја оставите вашата коса да си ја врати својата природна боја.
Сте знаеле дека кофеинот го намалува ризикот за рак на дојка?