Есента е скоро стигната, па сигурно сакате да дознаете нешто повеќе за вашето омилено парче облека. Можеби веќе сте чуле дека тесните фармерки по долго време го изгубија првото место, но дали знаете што е нивната замена? Ако сакате да ги следите најновите трендови, тогаш без сомнение ќе ви требаат следниве 4 клучни тексас парчиња!rnrn
rn
1. Црвен тексас
rnЦрвената е веќе прогласена за боја на есента, но никој не очекувал дека и фармерките ќе се обојат со неа. Сепак трендот е тука, како во шкафот на модните блогерки, така и на полиците во најпопуларните модни бутици.rnrn
rn
2. Миди тексас здолниште
rnЗдолништата со должина до или под колената во последниве неколку години стануваат сè попопуларни, особено за време на есенските и пролетните денови. Разликата е што оваа сезона моделот на врвот на листата ќе биде од џинс.rnrn
rn
3. Винтиџ фармерки
rnВеќе спомнавме дека тесните фармерки се исфрлени од трендовите, па сигурно ве интересира нивната замена. Оваа сезона во тренд ќе бидат широките модели со рамни ногавици и висок струк – тие се ретро, но совршени за оваа есен.rnrn
rn
4. Голема јакна
rnНиту тексас јакните не одат никаде, па дизајнерите и модните ѕвезди одлучија дека оваа есен најпопуларни ќе бидат оние што изгледаат како да сте ги позајмиле од вашиот партнер.rnrn
rnrnПогледнете ги и овие тексас парчиња кои секоја девојка мора да ги има во својот гардеробер!