Се чувствувате депресивно? Можеби појавата „августовска тага“ е виновникот за тоа

Се чувствувате депресивно? Можеби појавата „августовска тага“ е виновникот за тоа

Јули одамна помина, а и почетокот на септември се ближи со брзината на светлината. Иако сѐ уште деновите се исполнети со сонце и топло време, последниот месец од летото секогаш е по малку депресивен. Дали и вие сте лошо расположени месецов? Изгледа дека анксиозноста и депресијата се многу честа појави во август според Стивен Ферандо, директор на психијатрија во медицинскиот центар во Вестчестер.

Се чувствувате депресивно? Можеби појавата „августовска тага“ е виновникот за тоа

Августовската тага е нешто како неделната тага што ја чувствуваме кога завршува викендот и доаѓа понеделник. Депресијата и анксиозноста на крајот од летото се поврзуваат со одредени настани како што се почетокот на училишната година, крајот на летниот одмор и студеното време. Со други зборови, чувствувате како да сте го потрошиле летото залудно и се нервирате поради сите забавни моменти, сеќавања и убави фотографии на Инстаграм во кои не сте успеале да уживате.

Сезонската депресија во летниот период подразбира „нервозна и анксиозна депресивна состојба“, додека, пак, оние коишто доживуваат сезонска депресија во зима поминуваат низ „вегетативно депресивна состојба“.

И покрај сличните симптоми, августовската тага и сезонската депресија не се едно исто. Според Ферандо, луѓето кои доживуваат августовска тага покажуваат симптоми кои не се доволно сериозни или постојани за да се постави дијагноза.

„Кога ќе ви се случи нешто убаво, се чувствувате подобро. Ако ви се случи нешто лошо, се чувствувате полошо, што значи дека расположението реагира на околностите. Вистинските нарушувања не реагираат на околностите“, објаснил Ферандо.

Иако не се смета за вистинско нарушување, августовската тага е нешто што треба да се има предвид. Рејчел Анунцијато, професор по психологија на Универзитетот Фордхам, објаснила дека честопати се чувствува виновно поради тоа што се забавува во август. Добро е да се биде организиран, но таа советува да го забавите темпото на живеење.

„Доколку не сте го направиле тоа досега, многу е важно овој период да си дадете одмор“, напишала таа.

Овие откритија се доволна причина за да си го продолжите летниот одмор уште неколку дена и да го завршите летото среќни и насмеани како што доликува. И не заборавајте дека есента е прекрасна!

Не можете да се помирите со доаѓањето на есента? Прочитајте ги овие инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да се збогувате со летото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар