КАФЕ ПАУЗА

Научно потврдено: Бебињата родени во септември се поуспешни од останатите

Научно потврдено: Бебињата родени во септември се поуспешни од останатите

Сите родители прават сѐ што можат за да се погрижат за успехот на нивното дете. Но, дали тие можат да му помогнат со тоа уште пред неговото зачнување? Според најновото истражување спроведено на Универзитетот во Торонто, Северозападниот Универзитет и Универзитетот во Флорида, месецот на раѓање е голем показател за идниот училиштен успех на детето.rnrnНаучно потврдено: Бебињата родени во септември се поуспешни од останатитеrnrnИмено, бебињата родени во септември се во предност, бидејќи училишната година во градинките и училиштата почнува на 1-ви септември. Тоа значи дека септемвриските бебиња најчесто се најстарите и најразвиените ученици во нивното одделение или група.rnrnОд друга страна, пак, бебињата родени во февруари се најчесто најмладите и најмалку созреаните ученици во одделенијата, што значи дека можно е да наидат на одредени проблеми.rnrnИако овие придобивки започнуваат уште на 5-годишна возраст, истражувачите дознале дека тие продолжуваат да се провлекуваат и во понатамошниот живот на децата. Септемвриските бебиња имаат поголеми шанси да завршат факултет и помалку шанси да одат во затвор за некаков малолетнички криминал.rnrnПо овие сознанија вреди да се има огромен труднички стомак во август, се согласувате?rnrnДоколку верувате дека месецот на раѓање има влијание на луѓето, дознајте каков вид жена сте според месецот во кој сте родени.