Начини на справување со самоубиствените мисли што нема да ги најдете на Интернет
Самоубиствата на Крис Корнел и Честер Бенингтон привлекоа големо внимание на Интернет и на социјалните мрежи. Сега многу луѓе зборуваат на оваа тема и ги споделуваат своите проблеми и искуства. На тој начин се подигнува свеста за самоубиствата и им помага на луѓето да сфатат колку е сериозна оваа појава.
Иако тоа е одлично, постојат уште многу работи што треба да бидат кажани за самоубиствата, а не се нагласуваат доволно моментално. Луѓето не се навистина свесни како се чувствуваат поединците кои живеат со самоубиствени мисли.
Умот на тие луѓе е преоптоварен со мисли за самоубиство со денови, месеци, па дури и години. Мислите може да бидат толку постојани, што некои се откажуваат и им се препуштаат целосно. Но, сепак постои надеж.
На некои луѓе им е многу тешко да се соочуваат со болката што е присутна во нивниот живот. Ситуацијата им станува толку неподнослива што мора да се борат со таквите мисли секојдневно, бидејќи во спротивно можеби навистина би извршиле самоубиство.
Ако сметате дека самоубиствените мисли се појавуваат во еден момент, а во наредниот ве оставаат на мира, се лажете. Помислата на тоа дека самоубиството ќе донесе ослободување се јавува постојано.
Доколку самите поминувате низ истото, добро е да ги прочитате следниве совети што ќе ви помогнат да се справите со самоубиствените мисли…
1. Најдете кутија каде што ќе чувате работи кои ќе ве убедат дека не треба да извршите самоубиство. Чувајте фотографии од луѓето кои ве сакаат и не би сакале да ве изгубат. Пишувајте писма кога ќе бидете среќни и чувајте ги во кутијата за да ги прочитате подоцна и да најдете причина за да останете живи.
2. Медитирајте и бидете присутни во моментот. Научете да ја прифаќате сегашноста без разлика колку е тешко да се стори тоа.
3. Ако познавате човек кој размислува за самоубиство, бидете до него и обидете се да му помогнете. Обрнете внимание на нивното опкружување и не ги прекорувајте како да се деца. Наместо тоа, прашајте ги како би можеле да им помогнете.
4. Пробајте ја дијалектичката бихевиорална терапија која е специјално направена за да им помогне на луѓето со самоубиствени мисли. Можете да најдете бесплатни книги на Интернет доколку не можете да ги купите.
5. За да чувствувате, мора прво да бидете живи. Никогаш нема да го најдете мирот што мислите дека ќе го добиете со самоубиство, ако навистина си го одземете животот.
6. Пред да преземете драстични мерки, обидете се да си го одвлечете вниманието од самоубиствените мисли. Препуштете им се на активностите што ве прават среќни и разговарајте со некого кому му верувате. Искажете ги вашите емоции.
7. Ако сте преплавени со емоции и не можете да се смирите, побарајте стручна помош од кризните центри што се справуваат со вакви проблеми. Иако нема да можете да го правите ова секој ден, несомнено ќе ви помогне во итните случаи кога ќе изгубите контрола врз ситуацијата.
8. Запомнете дека постојат многу луѓе во светот кои успешно ги надминале самоубиствените мисли. Можете да бидете едни од нив. Не губете надеж.
Помислата на самоубиство е сериозен проблем и не треба да се игнорира. Не двоумете се дали да побарате помош и не плашете се од реакцијата на вашите блиски. Тие ќе ве разберат и ќе ви помогнат да ја надминете ситуацијата. Доверете им се на луѓето на кои им верувате и не губете надеж. Ќе успеете да ги победите самоубиствените мисли и да најдете причина за живот, само треба да ја побарате.
Доколку поминувате низ тежок период во животот, прочитајте ги и овие 10 начини за справување со депресијата.