Одморот е одличен за вашето здравје, но можеби нема да верувате во тоа додека не ја поминете стресната фаза на подготвување. За да ви биде полесно пакувањето, погледнете кои работи не би требало да ги носите со вас. На овој начин ќе имате повеќе местото, ќе ги имате само потребните работи и ќе ги намалите грижите.rnrn
rn
1. Нови и неудобни обувки
rnПовеќето одмори се состојат од многу пешачење па најдобро е да ги оставите дома слатките чевли кои не ви се удобни. Без разлика дали ќе пешачите само од дома до плажата, или пак повеќе, секогаш носете удобни обувки. Исто така немојте да ги понесувате новите чевли бидејќи не ви се износени и не знаете дали ќе издржите цел ден со нив.rn
2. Нова облека
rnИако е во ред да додадете неколку нови парчиња облека пред да отидете на патување сепак немојте да купувате многу работи. Нема потреба од нови модерни парчиња облека кои не знаете ни дали ќе одговараат со облеката која ја имате. Можеби ќе имате одлична замисла, но голема е веројатноста новите парчиња облека да останат во куферот.rn
3. Незаменлив накит и модни додатоци
rnОдморот не е место за вашата најскапа чанта или па за накитот кој ви бил подарен. На секој одмор се случува да изгубите нешто, па никогаш не понесувајте работи кои ви се многу важни.rn
4. Дизајнерски очила за сонце
rnИма многу можности да ги изгубите омилените дизајнерски очила додека сте на одмор. Направете си услуга и оставете ги дома. Најдете еден или два пара обични и евтини очила за кои нема да ви биде многу криво доколку ги загубите или оштетите.rn
5. Нова модна комбинација за секој ден
rnСигурно сакате да имате доволно облека со вас за да можете да ја промените кога и да посакате. Но, никому не му е потребна нова комбинација секој ден. Ако сакате да бидете облечени различно, спакувајте неколку разни блузи а не и разни панталони. Осигурете се дека сите парчиња облека што ќе ги носите се комбинираат едно со друго и на тој начин секој ден ќе бидете различно облечени, но со помалку облека.rn
6. Многу тешка и голема облека
rnЗа време на летните патувања изоставете ги големите парчиња облека. Носете ги само неопходните работи. Сигурно нема да ви бидат потребни 4 пара фармерки.rn
7. Козметички производи
rnСе разбира дека сакате да ги понесете сите продукти за убавина, но освен ако не е премногу долго патување, нема потреба од ова. Оние пак што ќе ги носите, ставете ги во мали амбалажи за пакување за да не ви зафаќаат многу простор.rn
8. Направи за фризури
rnРечиси секој хотел ќе ви даде фен за коса, па нема потреба да го носите. Исто така сигурно ќе немате време да правите фризури, па пеглата за коса и сличните апарати најдобро е да ги оставете дома.rn
9. Многу технологија
rnРечиси сите ние тврдиме дека одиме на одмор за да се „исклучиме“ а потоа објавуваме неколку фотографии на Инстаграм. На одмор понесете ги направите што навистина ви се неопходни, како телефон или фотоапарат. Освен ако не станува збор за бизнис патување, нема потреба да го носите вашиот лаптоп.rn
10. Сè што веќе знаете дека нема да ви треба
rnСекој пакува уште по неколку работи „за секој случај“. Кога знаете дека нешто нема да ви треба, уште веднаш извадете го од куферот. Во ред е да понесете чадор или некое џемперче, но ако се обидувате да се подготвите за сите временски услови, нема да можете да го затворите куферот.rnrnПогледнете ги и овие совети кои ќе ви помогнат при пакувањето.
