5 удобни секс пози за девојките чиј партнер има голем пенис
Ако имате секс со „надарен“ маж, сигурно сте претпазливи и се плашите од повреди и болка, па неретко не можете да се опуштите за време на сексуалниот однос. Тоа што прво треба да го направите е да се погрижите да имате доволно предигра и големо количество лубрикант при рака, па дури потоа да ги побарате сексуалните пози што ќе ви овозможат најголема удобност. Наша препорака е да ги пробате следниве неколку секс пози што гарантирано ќе ви го приредат најголемото уживање.
1. Големиот кинески ѕид
Сè што треба да направите е да поставите некаков вид „ограда“ меѓу вашите тела, односно нешто што нема да му дозволи да влезе предлабоко во вас. Можете да користите вибратор или пак, едноставно да ја поставите раката на вагината, така што ќе ги наместите прстите во форма на латинската буква „V“ за тој да може да се лизне низ нив. Вашата дланка ќе го држи неколку сантиметри подалеку, па нема да чувствувате болка за време на односот.
2. Ослободена кобра
Легнете на стомак и притиснете ги колковите на креветот, па подигнете ја горната половина така што ќе се потпрете на рацете или на лактите како да ја практикувате јога позата кобра. Тој треба да се намести веднаш зад вас. Аголот ќе помогне да се минимизира шансата за удар во цервиксот, а ако тој сепак достигнува натаму, можете да се поднаместите нагоре или надолу со задникот за да не му дозволите да навлегува толку длабоко.
3. Метод на бариера
Кога имате секс со надарен маж, мисионерската поза ретко може да ви создаде уживање. Но ако малку ја модификувате, би можеле редовно да ја практикувате. Легнете на грб и свиткајте ги нозете во колената, па допрете ги до торзото за да создадете бариера меѓу вас двајца. Ова ќе ви помогне да го држите понадвор од вас, додека истовремено ќе ви создаде чувството дека тој е целосно навлезен во вас.
4. Принцезата и чеканот
Наместете се над него во позиција на обратна каубојка, а потоа навалете се наназад колку што можете или имате потреба. Вие сте на вашите колена, па на тој начин ја контролирате длабочината и брзината, плус сте во одлична позиција да ги допирате неговите тестиси или пак, вашиот клиторис.
5. Кадифена завеса
Тој треба да легне на грб и да се обиде да не се смее додека вие се местите над него во положба на рак – држете се на нозете и рацете, со телото свртено кон таванот. Со оваа поза вие ја имате целата контрола над сексот, од длабочината на пенетрирањето до брзината, а тој ќе има сликовит поглед кон она што се случува меѓу вашите тела. Ако почне да ве гали за клиторисот без да го побарате тоа од него – не испуштајте го од раце!
Погледнете ги и овие 5 секс пози што овозможуваат полесен пристап до Г-точката.