9 бескорисни резимеа за работа кои работодавците не ги сакаат

9 бескорисни резимеа за работа кои работодавците не ги сакаат

Еден од најважните делови при аплицирањето за ново работно место е вашето резиме. Сепак, многу често се случува да заборавите некои важни работи додека го правите. Со цел да го искористите целосниот потенцијал на овој документ, погледнете ги најчестите грешки при неговото склопување и обидете се истите да ги избегнувате.

1. Резиме со ваша фотографија

(1)9-beskorisni-rezimea-za-rabota-koi-rabotodavcite-ne-gi-sakaat-kafepauza.mk

Освен ако не се пријавувате за актерска улога или друга позиција во која изгледот е важен, немојте да ставате ваша фотографија. Ова може да ве направи жртва на дискриминација според вашиот пол, возраст или раса.

2. Резиме без линкови од социјални мрежи

(2)9-beskorisni-rezimea-za-rabota-koi-rabotodavcite-ne-gi-sakaat-kafepauza.mk

Денес живееме во дигитален свет. Ако немате профил на ниту една социјална мрежа, сега е вистинскиот момент да го направите тоа. Ако ништо друго, имајте профил само на LinkedIn. Тој ќе им даде увид на вашите потенцијални шефови за вашето работно искуство. Повеќето работодавци прават мало истражување на Интернет пред да ве најмат. Па, ако нема ништо за вас, тоа може да биде лош знак.

3. Предолго резиме

(3)9-beskorisni-rezimea-za-rabota-koi-rabotodavcite-ne-gi-sakaat-kafepauza.mk

Резимето треба да биде документ кој ќе го содржи вашето работно искуство проследено со клучни податоци и информации за вас. И многу е важно да биде кратко, но јасно. Немојте да правите резиме кое е подолго од 2 страни.

4. Резиме со неважно работно искуство

(4)9-beskorisni-rezimea-za-rabota-koi-rabotodavcite-ne-gi-sakaat-kafepauza.mk

Кога аплицирате за некоја работа, наведете го искуството кое го имате од областа на таа работа. Не е важно колку добар готвач сте биле во некој ресторан ако сега барате работа во банка.

5. Резиме со вашите интереси и хобија

(5)9-beskorisni-rezimea-za-rabota-koi-rabotodavcite-ne-gi-sakaat-kafepauza.mk

Луѓето кои ве најмуваат не ги интересираат овие работи. Што правите во слободно време си е ваше, па немојте да го вклучите и тоа во резимето. Освен ако вашите хобија не се поврзани со работата за која аплицирате, изоставете ги овие детали.

6. Резиме со цел

Account manager resume. Blue tint.

Можете да зборувате за вашите цели во кариерата кога ќе го добиете интервјуто. Но, доколку целосно ја менувате вашата кариера, добро е да ја наведете вашата цел, бидејќи тоа ќе му појасни на работодавецот зошто сте се одлучиле за промена.

7. Резиме без празно место

Young man with resume

Работодавците читаат многу апликации за работа, па направете му услуга и дозволете му на вашето резиме на „дише“. Подобро е да имате напишано две страни кои лесно се читаат, отколку една која изгледа како весник.

8. Резиме со многу празно место

(8)9-beskorisni-rezimea-za-rabota-koi-rabotodavcite-ne-gi-sakaat-kafepauza.mk

Ако немате многу работно искуство може да ви биде тешко да го составите вашето резиме, па веројатно ќе се обидете да искористите повеќе празен простор за тоа да изгледа подолго. Со ова само привлекувате внимание на недостатокот од искуство. Наместо тоа, наведете ги и местата на коишто сте волонтирале (доколку има такви), но нагласете дека станувало збор за тоа.

9. Старо резиме

(909-beskorisni-rezimea-za-rabota-koi-rabotodavcite-ne-gi-sakaat-kafepauza.mk

Како што стекнувате повеќе искуство, така треба да го додавате тоа и на вашето резиме. Штом ќе го добиете интервјуто, мала е веројатноста дека ќе ви дозволат да пратите ново резиме. Дури и да ви дозволат, тоа изгледа непрофесионално.

Погледнете ги и овие грешки во резимето кои треба да ги избегнувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар