Необјавената поезија на Мерилин Монро што ја открива нејзината скриена комплексна личност
Дали сте знаеле дека Мерилин Монро ја обожувала литературата? Таа не е само уште една глупава русокоса каква што ја претставуваат медиумите! Нејзината приватна поезија е прекрасна. Таа се состои главно од текстови што личат на поеми, испишани по тетратки и стуткани листови. Нејзините дела биле собрани и објавени за прв пат во книгата „Фрагменти: Песни, интимни белешки, писма“ (Fragments: Poems, Intimate Notes, Letters). Оваа книга ја открива вистинската личност на Мерилин која била многу чувствителна, комплексна и интензивна.
Нејзините песни покажуваат колку ранлива била таа однатре и колку неразбрано се чувствувала. Таа копнеела по тоа да биде забележана поради нејзината вистинска личност, бидејќи во овој свет таа никогаш не можела да го покаже своето вистинско лице. Нејзината поезија докажува дека таа била талентирана во повеќе области и којзнае што би постигнала кога би му дозволила на нејзиниот потенцијал да се развива во поинаква насока. Прочитајте ги следниве неколку песни од Мерилин Монро кои несомнено ќе ве трогнат и ќе ви дадат сосема поинаква слика за славната убавица…
„Само делови од нас ќе
допрат нечии други делови –
сопствената вистина е само тоа што е – сопствена вистина.
Можеме да го споделиме само делот што е во рамките на нечие туѓо знаење прифатлив па така
човекот во најголема мера е сам.
Како што треба да биде
очигледно во природата – во најдобар можен случај можеби може да го натера
нашето разбирање да ја избави
туѓата осаменост. “
„Ох леле посакувам да бев
мртва – потполно непостоечка –
исчезната оттука – од
секаде но како би можела
Секогаш има мостови – Бруклинскиот
мост – Но го сакам тој мост (сѐ е прекрасно оттаму и воздухот е толку чист)
чекорењето се чини
мирно и покрај сите тие
автомобили што лудуваат оздола. Па
мора да постои некој друг мост
некој грд без никаков поглед – освен што
ги сакам сите мостови – има
нешто посебно кај нив и јас
никогаш немам видено грд мост.“
„За животот
станува збор за решеност да не надвладеат емоциите
За работата
на вистината може само да се сетиме, никогаш да ја измислиме.“
„Камења додека шетам
во секоја боја што постои
Зјапам надолу во тебе
како хоризонт –
просторот/воздухот е помеѓу нас давајќи ни знак
и јас сум многу катови погоре
стапалата ми се исплашени додека посегнувам по тебе.“
Доколку ви се допадна нејзината поезија, прочитајте ги и следниве иснпиративни цитати од Мерлин Монро.