6 книги кои треба да ги прочита секој духовен трагач
Секој од нас ги знае познатите духовни доктрини – Библијата, Куранот, Тибетската книга на мртвите… Но постојат и други, помалку познати книги, кои ќе го отворат вашиот ум. Се разбира, не треба да се ограничувате само со оваа кратка листа. Постојат толку многу книги кои чекаат да ги прочитате, па слободно истражувајте и сами.
1. Природата и човечката душа – Бил Плоткин (Nature and the Human Soul)
Бил Плоткин нè носи на епско патување низ 8-те фази на човечкиот развиток. Првите три фази го опфаќаат егоцентричниот дел од човечкиот развиток. Поголемиот дел од луѓето во западните земји не ги надминуваат овие три фази. Најкритична е четвртата, во која нашето его „умира“ и во која учиме како да ја напуштиме нашата комфорна зона. Ова е моментот кога вистински се спознаваме и го пронаоѓаме нашиот пат.
2. Патот на мирниот војник – Ден Милман (The Way of the Peaceful Warrior)
„Сè уште го немате отворено вашето срце кон животот, кон секој момент. Патот на мирниот војник не е за неранливоста, туку за апсолутната ранливост – кон светот, кон животот и кон присуството кое го чувствувате. Преку примери ви покажав дека животот на војникот не е за некоја замислена совршеност или победа. Неговиот живот е за љубовта. Љубовта е мечот на војникот. Каде и да пресече дава живот, а не смрт.“ – Ден Милман
Оваа книга е напишана според животот на авторот и е приказна за еден учител и еден ученик. Учителот, Сократ, го учи ученикот, Ден, како патот на мирниот војник е пат на апсолутна ранливост во моментот. Тој го учи како храброста, силата и дисциплината се темелите на љубовта. Тој го учи како храброста не значи да се биде неранлив. Тој му кажува дека постои сила и во апсолутната ранливост. Сите ние сме обични човечки суштества со необични искуства. Не постојат обични моменти, само обично гледање и прифаќање на тие моменти.
3. Негирањето на смртта – Ернест Бекер (The Denial of Death)
„Човекот не може да ја издржи својата малост освен ако не може да ја претвори во значајност на највисокото можно ниво.“ – Ернест Бекер
Во оваа книга силата на егзистенцијалната анксиозност се среќава со повисокото расудување. Бекер нè фаќа за нозе, ни ги сече крилјата кои ни ги дало општеството и нè спушта на земјата, притоа откривајќи го нашето лицемерие и вистината дека не сме ништо повеќе од несигурни и кршливи суштества. Суштества кои имаат потреба од постојано потврдување на својата моќ. Но тогаш тој ни го открива правилниот пат кон просветувањето, патот по кој ние самите си ги создаваме крилјата преку откривање на нашето вистинско јас.
Продолжува на следната страница…