До сите сингл девојки и момци: Новото љубовно правило е дека нема правила!

До сите сингл девојки и момци: Новото љубовно правило е дека нема правила!

Не треба да се плашите од сингл животот како што се плашите од неотворените сметки и полноќните повици. Треба да се сакате себеси и да станете свесни дека никогаш не сте сосема сами. Сингл животот може да биде навистина прекрасен!

До сите сингл девојки и момци: Новото љубовно правило е дека нема правила!

Добредојдовте во 2017 година каде што сингл луѓето не се општествени отпадници! Вашиот сингл статус е знак за тоа дека сте се посветиле на личниот развој и дека сте сакале да дознаете кои сте пред да започнете сериозна врска.

Вие сте неверојатни токму такви какви што сте и заслужувате да имате време за себе. Правете го она што ви носи среќа, без разлика дали тоа подразбира јадење чипс по цели денови или непланирано патување со вашето друштво. Поминувајте ги викендите во излегувања до раните утрински часови или останете дома со шише вино и маска на лицето. Изборот е ваш!

Ова е ваш живот и можете да правите што сакате! Заборавете на сите глупави љубовни правила поврзани со тоа како треба да разговарате со симпатија, кога смеете да спиете заедно за прв пат, колку долго треба да чекате пред да вратите на пораката… Заборавете и на сите животни правила. Никој не може да ви каже како треба да го водите вашиот живот.

Искористете го сингл периодот за да станете најсреќната и најисполнетата верзија од себеси. Не плашете се од тоа дека ќе пропуштите нешто. Излегувајте на љубовни состаноци со кого сакате и поминувајте колку време сакате на социјалните мрежи.

Сингл животот треба да ве научи сериозно да се сфаќате себеси и вашите потреби. Треба да сфатите дека имате право да одбиете нечија покана без никакво објаснување и да се ослободите од токсичните луѓе во вашиот живот еднаш засекогаш. Треба да верувате во тоа дека можете самите да се направите среќни.

Статусот сингл нема да ви помогне да доживеете некоја огромна трансформација и не треба да трагате по туѓото одобрување. Статусот сингл треба да ви докаже дека отсекогаш сте биле способни човечки суштества кои можеле да постигнат сѐ што ќе посакаат.

Живејте според сопствени правила наместо да следите некои застарени принципи што би требало да го одредат вашиот начин на живот.

Доколку сепак ви треба некаков водич за справување со љубовните предизвици, прочитајте ги следниве љубовни правила за новото доба кои не ви ги кажала мајка ви.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар