КАФЕ ПАУЗА

Како природно да ја затегнете вашата кожа на лицето?

Опуштената кожа е проблем со кој се соочуваат многу луѓе, особено жените. Сепак, пред да се одлучите за болна операција, би требало да знаете дека постои и природен начин да ја затегнете вашата кожа.rnrnkako-prirodno-da-ja-zategnete-vashata-kozha-na-liceto-kafepauza.mkrn

Краставица

rnОва е можеби најдобриот „лек“ за опуштена кожа. Направете сок од краставица и нанесете го на лицето. Оставете го да се исуши и да ја подобри вашата кожа. Покрај ова, краставицата ќе ги намали круговите под очите и брчките околу нив.rn

Вежби за лице

rnАко редовно правите вежби за лице, ќе ги затегнете мускулите и ќе го избегнете проблемот со опуштената кожа. Ќе имате помазен врат, чело и образи.rn

Вода

rnХидратацијата е клучна за здравјето на кожата. Секој ден пијте 10-12 чаши вода и редовно нанесувајте крем за навлажнување на вашето лице.rn

Масажа на лицето

rnЕдна од најдобрите техники за подобрување на опуштената кожа е масажа на лицето со која ќе ги намалите брчките, ќе ја измазните кожата и ќе го исчистите лицето.rn

Здрава храна

rnКожата го прикажува секој проблем во телото, па ако сакате да ги средите проблемите со неа, почнете од внатре. Консумирајте храна која е богата со витамини и минерали и избегнувајте преработена храна, како и храна која има премногу шеќер.rn

Природни масла

rnПриродните масла се одлични за затегнување на кожата, а најдобри се маслото од авокадо, грозје и јојоба. Користете ги природните масла редовно, кои пак одлично се комбинираат и со други состојки, како шеа путер и витамин Е. Многу од овие природни масла се додаваат во скапите креми за лице.rn

Сода бикарбона и кокосово масло

rnОваа алкална супстанца ги отстранува мртвите клетки, ги затегнува порите и го подобрува здравјето на кожата. Пастата од сода бикарбона можете да ја користите како пилинг за лице и затегнувач. Измешајте малку сода бикарбона, кокосово масло и вода и масирајте го лицето.rn

Нанесувајте крем за заштита од сонце

rnЗа да ги намалите брчките, мора да ја заштитите кожата од штетните ултравиолетови зраци. Прекумерното изложување на сонце може да води до стареење и опуштање на кожата и создавање на брчки. Затоа, нанесете квалитетен крем за заштита на вашето лице и врат, барем половина час пред да излезете од дома.rn

Направете маска за затегнување

rnНајдобрата комбинација која можете да ја користите за овој вид маска е онаа од сок од лимон и белка од јајце. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја 15-тина минути. Откако целосно ќе се исуши, исплакнете ја со топла вода.rn

Креми за затегнување на лицето

rnМожете да користите некој крем кој докажано ќе го подобри вашиот изглед. Одберете некој против стареење кој содржи природни состојки, како масло од грозје, Q10, масло од авокадо и слично. Овие состојки го стимулираат телото да произведува повеќе колаген, со тоа правејќи ја кожата помазна.rnrnПробајте ги овие природни методи за затегнување на кожата пред да се подложите на каква било операција. Се разбира, комбинирајте ги со здрава исхрана, правилен сон и редовно вежбање.rnrnПогледнете ги и овие практични совети за блескава кожа на лицето.