Најчесто шминката се користи за да се нагласат природните црти на лицето, но некои луѓе знаат да ги препознаат сите можности што ги нуди шминкањето. Мими Чои од Ванкувер, Канада е една од нив.
Таа е 31-годишна шминкерка која создава неверојатни хиперреалистични оптички илузии и благодарение на нејзините вештини, Мими има повеќе од 274.000 следбеници на Инстаграм.
Пред да ја открие оваа уметност, Мими 3 години работела како учителка во градинка.
rn
„Чувствував како креативноста да ми е потисната. Уживав во работата како учителка, но не бев целосно среќна. Ми требаше нов предизвик“, открила Мими.
rnПродолжува на следната страница…

