КАФЕ ПАУЗА

Науката открива: Што се случува кога му викате на вашето дете?

Можеби им викате на децата постојано, можеби им викате кога се непослушни, а можеби и никогаш не сте го направиле тоа. Каква и да е ситуацијата, сепак вие сте само човек и понекогаш не можете да ги контролирате вашите постапки. Сепак, погледнете како викањето влијае на децата и како да ја отстраните таа навика од вашиот живот.rnrnnaukata-otkriva-shto-se-sluchuva-koga-mu-vikate-na-vasheto-dete-kafepauza.mkrn

Викањето не е секогаш лошо

rnПонекогаш викањето помага, па дури е и потребно. Викањето е ефективен начин да ги предупредите вашите деца дека постои некаква опасност. Па, тоа треба да биде само метод за предупредување, а не дел од казна.rn

Што му прави викањето на вашето дете?

rnАко се обидувате да го смирите детето или пак да го натерате да престане да прави нешто, викањето не е начин. Кога му викате, кај вашето дете се активира рефлексот „бори се, бегај или застани“. Викањето предизвикува агресија кај него, тоа може да избега или пак да ве гледа исплашено. Истражувања покажале дека викањето ги прави децата поагресивни, и физички и вербално.rn

Ќе ги научите децата дека сте сериозни само кога викате

rnМногу често родителите им викаат на децата со надеж дека следниот пат ќе нема потреба од тоа. Но со тоа всушност само им кажувате на децата дека не сте сериозни дури не го повишите тонот.rn

Викањето не е ефективен начин за комуницирање

rnПонекогаш родителите викаат со надеж дека детето подобро ќе ги разбере. Кога им викате на децата, тие нема да сфатат што сакате да им кажете бидејќи тогаш тие размислуваат како да се одбранат.rn

Викањето ја уништува довербата

rnАко постојано го заплашувате вашето дете, нормално дека ќе ја изгуби довербата во вас. Наместо тоа, обидете се да го решите проблемот со малку хумор. Пристапете му на проблемот од гледна точка на вашето дете.rn

Нема да бидете совршени, но обидете се да останете смирени

rnСигурно не е лесно да останете смирени во 3 часот наутро кога вашите деца прават врева. Сигурно ќе ве разбесни кога вашето дете по 10-ти пат ги вади работите од вашата чанта. Но, смиреноста ќе ви се исплати – ќе изгледате дете кое ви верува, ве сака и кое не се плаши од вас.rnrnАко вашите родители ви викале кога сте биле мали, не ја продолжувајте традицијата. Научете да бидете внимателни. Ако погрешите и викнете, смирете ја ситуацијата и потоа продолжете понатаму.rnrnПогледнете и како да ја претворите караницата во размена на мислења.