Дали повторно го поминавте викендот во чистење? Некои места во вашиот дом нема потреба да ги чистите толку често. Па, слободно тргнете ги средствата на страна. Сè што ви е потребно е овој распоред за чистење и вашиот дом ќе блеска.rn
Работи кои се чистат секој ден
rn
rnrnЛвабо: За да избегнете наслаги од тврдата вода, бришете ја водата од вашето лавабо со сува крпа.rnrnПлочки во тоалетот: Користете четка за прозорци за да го спречите настанувањето на мувла.rnrnСадови: Никогаш не ги оставајте валканите садови преку ноќ. На нив многу лесно се развиваат бактерии.rnrnМаса за јадење и помошна маса: Бришете ги со крпа за да ги отстраните сите остатоци од храна.rnrnОблека: Не чекајте да наполните цела машина. Перете ја облеката секој ден за да не им дозволите на бактериите да се размножат.rn
Работи кои се чистат еднаш неделно
rn
rnrnЧаршафи: Перете ги одделно од останатата облека на висока температура.rnrnПод: Чистете го подот со правосмукалка или со крпа еднаш неделно. Доколку имате мали деца или миленичиња чистете го подот барем 3 пати неделно.rnrnШкафчиња во тоалетот: Исчистете ги и дезинфицирајте ги шкафчињата во тоалетот и чувајте ги четките за заби на затворено место.rnrnМебел: Чистете го мебелот еднаш неделно.rnrnКујнски апарати: Отстранете ги масните наслаги од кујнските апарати со сјај за садови и топла вода.rn
Работи кои се чистат еднаш месечно
rn
rnrnМикробранова печка: Користете сода бикарбона. Нема да го оштети апаратот и ќе ги отстрани непријатните миризби.rnrnПравосмукалка: Кога ќе го замените ќесето на правосмукалката, исчистете го и филтерот.rnrnРолетни: Пред да користите средство за чистење, соберете ја прашината со правосмукалка.rn
Работи кои се чистат на 3-6 месеци
rn
rnrnФрижидер: Исчистете го со сода бикарбона за да ги отстраните и нечистотиите и непријатната миризба.rnrnПерници, ќебиња и душеци: Ако не можете да ги исчистите темелно, оставете ги на сонце неколку часа за да се уништат некои бактерии.rnrnЗавеса во бањата: Или исчистете ја завесата или заменете ја со нова на секои 6 месеци.rnrnРерна: Пред да ја чистите со средства, оставете ја да се загрее околу 20 минути.rn
Работи кои се чистат еднаш годишно
rn
rnrnТеписи: Користете посебни средства со кои ќе ги отстраните сите дамки. Ако имате домашни миленичиња, чистете ги теписите на секои 6 месеци.rnrnПрозорци: Немојте да ги чистите прозорците на сончев ден бидејќи средствата за чистење ќе се исушат многу брзо и само ќе остават повеќе дамки. Ако вашите прозорци гледаат на прометна улица, чистете ги на секои 6 месеци.rnrnЗавеси: Вo зависност од материјалот, исперете ги завесите во машина за перење или пак користете машина на пареа.