Смртта на омилените музичари се доживува многу емотивно. Суперѕвездите делуваат како суперлуѓе и честопати не прифаќаме дека и тие се како нас, со свои мани и недостатоци. Единствената реална разлика помеѓу нив и нас е астрономското влијание што тие го имаат на нивните фанови кои тагуваат откако ќе ја изгубат нивната омилена ѕвезда како да изгубиле член од семејството. Некои навистина упорни обожаватели наместо да тагуваат решиле да ја толкуваат нивната смрт како измама и да бараат докази дека тие не се навистина починати, туку само се кријат некаде далеку од човештвото.
Интернетот е преполн со теории на заговор за музички изведувачи кои ја лажирале нивната смрт за да ја одбегнат славата и да побегнат во Куба. Прочитајте ги следниве 6 теории на заговор кои тврдат дека најпознатите починати музички ѕвезди сѐ уште се живи…rn
Мајкл Џексон
Што се случило?
rnСмртта на Мајкл Џексон беше прогласена на 25-ти јуни 2009 година во медицинскиот центар Роналд Риган во Калифорнија. Во неговиот крвоток имало толку голема доза на лекови што неговиот личен доктор Конрад Мјуреј завршил 2 години во затвор.rn
Кои се теориите?
rnЈутјуберката Перл Џуниор направила повеќе видеа во кои тврди дека Мајкл не е мртов. Таа спровела огромни истражувања за неговата смрт и верува дека телото на Мајкл можело да биде заменето со восочна фигура и дека пеачот го направил тоа и за фотографиите од болницата. Таа тврди дека Мајкл Џексон на сликите не личи на себе, туку изгледа како пациент болен од рак. Таа исто така смета дека телото што хеликоптерот го подигнал личело на даска за сурфање, а не на тело.
https://www.youtube.com/watch?v=WVZgj6XStjw
Уште еден теоретичар на заговор тврди дека на последното селфи на Парис Џексон на Инстаграм може да се види Мајкл Џексон. Тој верува дека го гледа лицето на Мајкл во купот алишта на задното седиште во автомобилот на Парис. Друг Јутјубер тврди дека го сретнал Мајкл Џексон доцна во ноќта кога отишол до банкомат. „Мајкл Џексон“ му кажал „Извини“ и тој веднаш го препознал гласот на познатиот пеач.rn
Елвис Присли
Што се случило?
rnЕлвис Присли починал кога имал 42 години на 16-ти август во 1977 година во неговиот дом во Тенеси. Тој починал од срцев удар предизвикан од висок крвен притисок, глаукома, зголемено дебело црево и оштетување на црниот дроб. Било пријавено дека имал прекумерна тежина и дека не можел да прави ништо без помош. Исто така бил предозиран со кодеин.rn
Кои се теориите?
rnСе верува дека Елвис ја лажирал неговата смрт за да избега од окото на јавноста. Една од причините за тоа е дека на неговата надгробна плоча како средно име пишува Аарон, наместо попознатото Арон, иако официјалното средно име на Присли е навистина Аарон. Исто така, сомнителен е и фактот што еден ден по смртта на Елвис, маж по име Џон Бароуз (псевдонимот што го користел Елвис во хотелите) наводно купил билет до Буенос Аирес.
https://www.youtube.com/watch?v=npQ5QL94m7k
Теоретичарите на заговор како доказ го користат и чудното интервју од 2005 година каде што Присила Присли спомнува нешто што Елвис го „кажал пред некој ден“. Но, сигурни сме дека кога би требало да зборувате со Опра за вашиот мртов сопруг и вие би правеле грешки при говорот.rn
Мерилин Монро
Што се случило?
rnМерилин Монро била најдена мртва на 5-ти август во 1962 година во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Таа ја заклучила вратата и земала преголема доза апчиња за спиење.rn
Кои се теориите?
rnПокрај теориите на заговор кои тврдат дека Мерилин Монро била убиена од страна на ЦИА за да се заштити госпоѓата Кенеди и да не го изгуби нејзиниот статус на прва дама, постои човек кој верува дека Мерилин била жива во 1984 година. Тој наводно ја собрал со автомобил додека таа се обидувала со автостоп да се врати дома од менталната болница каде што се криела за да го одбегне гневот на јавноста.
Продолжете на следната страница за останатите теории на заговор…

