Мудро трошење: 6 нешта што секогаш добиваат попуст во текот на август

Сподели

Ако се навратите наназад на јуни, сигурно ќе се сетите како сте гледале прекрасни летни нешта (костими за капење, еспадрили, шешири) што едноставно сте морале да ги поседувате. Но денес имаме добри вести за сите оние што успеале да се воздржат – со доаѓањето на месец август, сите овие производи добиваат попусти и ќе можете за пониска цена да уживате во нив.rn

Реклама

1. Опрема за во двор

rnСè уште имате добри 4 до 6 недели да уживате во прекрасното летно време. Но имаме и уште подобри вести за вас: Продавачите се спремни да направат простор за есенската опрема, па затоа сигурни сме дека ќе најдете одлична инвестиција за надворешен мебел и до 50% попуст.rn

2. Лаптопи

rnАко ви е потребен нов лаптоп и веќе некое време штедите за истиот, тогаш дефинитивно треба да почнете да ги разгледувате понудите низ продавниците. Најчесто за време на август, по повод приближувањето на новата школска година, лаптопите добиваат намалување до 25% со цел да бидат подостапни за студентите.rn

3. Косилки за трева

rnСо оглед на тоа што се приближува есента, а брзо потоа и зимата со својот леден снег, продавачите знаат дека нема уште долго за оваа година да ви треба косилка за трева, па затоа и ги спуштаат цените од 15% до 20% за оние што сакаат да заштедат на долг рок.rn

4. Костими за капење, шешири, еспадрили…

rnАко сè уште сте во потрага по летна гардероба или едноставно барате класици што би можеле да ги носите и следната година, сега е вистинското време да прошетате низ бутиците. Сите овие летни модели добиваат огромни попусти, некаде и до 60% со цел да се направи простор за новата есенска колекција.rn

5. Ранци

rnДецата имаат потреба од нови ранци како што се приближува новата школска година, па ако и вам ви треба еден (како на пример, за патување), тогаш август е совршениот месец за да го купите. Едноставно следете ги брендовите на социјалните мрежи и брзо ќе најдете понуда што нема да можете да ја пропуштите.rn

6. Домати

rnАвгуст е најдобрата сезона за домати, што значи дека можете да купите многу повеќе за помалку пари. Посетете го вашиот најблизок маркет или поминете од пазар и наполнете ги кесите со ова вкусно и здраво овошје.

Прочитајте ги и овие 15 драми низ кои секоја жена поминува кога оди на шопинг за време на големите попусти.

Популарно

Може ќе ве интересира