Дали отсекогаш сте сонувале да напишете фантастична книга која ќе ви донесе огромна популарност? Дали сакате да го импресионирате шефот со креативни решенија на работните проблеми? Или пак едноставно сакате да внесете малку имагинација во вашите секојдневни рутини? Разбудете ја вашата креативност со следниве научно докажани трикови за кои сигурно не сте чуле досега…rnrn
rn
1. Пригушете ги светлата
rnГрупа германски истражувачи дознале дека затемнувањето на светлата ги намалува ограничувањата и на тој начин поттикнува покреативен и послободен начин на размислување. Нареден пат кога ќе сакате да го зголемите вашето креативно размислување, пригушете ги светлата. Одлична идеја, се согласувате?rnrn
rn
2. Хаосот на работната маса е добредојден
rnОва особено важи за педантериите. Во едно истражување, објавено во „Писхолошка наука“ (Psychological Science), испитаниците биле сместени или во несредена или во средена соба и од нив било побарано да смислат идеја за роман за пинг-понг топче. Иако и двете групи дошле до приближно ист број на идеи, оние кои биле сместени во несредените соби имале значително покреативни идеи. Само внимавајте да не го пренесете хаосот надвор од вашиот дом, бидејќи на работа, неуредното биро не остава добар впечаток.rnrn
rn
3. Гледајте во нешто сино
rnДали сметате дека сте најкреативни кога сте на плажа и гледате во морето? Според едно истражување спроведено на Универзитетот во Британска Колумбија, сината боја ја зголемува продуктивноста кога станува збор за креативни задачи. Истражувачите мислат дека ова се должи на тоа што сината боја потсетува на небо, море и вода што, пак, асоцира на „отвореност, мир и смиреност“. Благодарение на тоа, фантазијата и љубопитноста на луѓето се зголемуваат. Интересно е тоа што истражувањето исто така открило дека црвената боја ја зголемува продуктивноста кога станува збор за задачи што бараат да се обрне внимание на детали.rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за останатите трикови…rnrn