Ниту една невеста не сонува да го помине својот голем ден седејќи на столица и набљудувајќи ги другите како танцуваат (или уште полошо, во потрага по ханзапласт!) само затоа што облекла страшно неудобни штикли што изгледаат прекрасно. Сепак тоа не значи дека треба да го жртвувате стилот за да ви биде удобно. Следуваат прекрасни гламурозни невестински чевли што се создадени за целовечерно танцување!rn
1. Апстрактни линии
rnХаотичните ленти овозможуваат поддршка, додека пак штиклата од 5 сантиметри ќе ви помогне лесно да одите.rn
2. Светкави детали
rnЖенствени, гламурозни и без сомнение удобни дури и по 6-часовно носење! Одличен избор за младите невести.rn
3. Металик ѓон
rnДеликатните ленти на зглобот покажуваат дека не постојат никакви шанси за овие забавни рамни чевли да ве спречат во танцување.rn
4. Смели кристали
rnЗа оние што сакаат чевлите да им светкаат додека танцуваат на подиум.rn
5. Летна чипка
rnЛетните чевли со полн ѓон ќе ги исфрлат сите ваши стравови дека ќе пропаднете во трева доколку сте на отворено.rn
6. Деликатен избор
rnСекоја невеста што сака да носи „нешто сино“ треба да се чувствува удобно во изборот.rn
7. Суптилно светкање
rnНикогаш не можете да згрешите со класичен стил како овој.rn
8. Флертувачки пердуви
rnАко се сметате за кул невеста – нема подобар и истовремено поудобен избор.rn
9. Летни сандали
rnОвој модел не само што е совршен за невестите што сакаат да се чувствуваат удобно, туку и за девериците.rn
10. Прекрасни високи потпетици
rnКристалната потпетица можеби изгледа застрашувачко, но таа е стратешки поставена на средината за да ѝ овозможи дополнителна поддршка на вашето нога.
Погледнете ги и овие уникатни невестински фустани кои ќе ве натераат да заборавите на класичната бела боја.

